Број 2812  среда, 15 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Македонски документи се фалсификувале во Србија


  фото „КУРИР“

Уапсените во Нови Пазар фалсификувале и регистарски таблички

Македонски пасоши, возачки дозволи и регистарски таблички со месеци биле фалсификувани во Србија. Полицијата во Нови Пазар уапси четиричлена група, која освен македонски документи, фалсификувала и лични исправи и регистрации од Србија и од Босна и Херцеговина, објавија вчера белградските медиуми. На уапсената четворка, истражен судија им одредил едномесечен притвор, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Фикрет Идризовиќ викан Фикро Талибан (38), Бахра Хочанин (33), Емир Муртезиќ (31), сите од Нови Пазар, како и Нури Бајрами (68) од Призрен, Косово, биле уапсени пред неколку дена во акција на полицијата поради фалсификување документи.

„Полицијата кај нив пронајде и заплени повеќе пасоши, возачки дозволи и регистарски таблички од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина“, пишува белградски „Курир“.

Медиумите пишуваат дека полицијата, по неколкумесечно следење на фалсификаторите, добила сигнал да тргне во акција и да влезе во станот на Идризовиќ во моментот кога групата започнала со фалсификување визи за западноевропските земји. Кога полицајците влегле во станот, на компјутерот ја затекнале сопругата на Идризовиќ, Бахра Хочанин. Таа на пасошот, сопственост на некојси А.В., го менувала датумот на важечката виза.

При претресот во станот, била пронајдена различна опрема за фалсификување пасоши, возачки дозволи и регистарски таблички.

„Запленет е копмјутер, неколку печатачи, скенер и УСБ-меморија, со кои ги вршеле преправките на пасошите и другите документи“, велат од српската полиција за тамошните медиуми.

Фикрет Идризовиќ и Емир Муртезиќ се осомничени и дека барале 2.800 евра од Нури Бајрами за да му набават лажен пасош. Косовецот однапред им дал 600 евра, а при полицискиот претрес, кај него биле пронајдени и дополнителните 2.200 евра, што планирал да им ги даде на фалсификаторите.

Полицијата истражува колку граѓани ги користеле нивните услуги. Сите четворица уапсени од истражниот судија во Нови Пазар добиле по 30 дена притвор. (Г.А.)


Статијата е прочитана 1661 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Педофил од Прилеп осуден на 4,5 години затвор
Кумановец си го одзеде животот скокајќи од Искрин мост
Го грабнале за да им даде 50.000 евра
Апелација потврди за случајот „Гаврилов“
Одбиени гаранциите за Панде Лазаров
Петнаесет тетовци казнети за брзо возење
Од куќа во Тетово украдени пари и злато