Број 2812  среда, 15 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Кумановец си го одзеде животот скокајќи од Искрин мост

КУМАНОВО - Драган Цветковски (45) од Куманово вчера околу 9,30 часот изврши самоубиство скокајќи од Искрин мост, од височина од 30 метри. Овој мост на реката Пчиња на регионалниот пат Куманово - Свети Николе изминатите години беше кобен за десетина лица, кои од најразлични причини и разочарувања си го одзедоа животот.

Цветковски е косопственик на фирма-стовариште на градежен материјал ,,Европа“ во Куманово. Негови пријатели и познајници претпоставуваат дека мотив за самоубиството се проблемите што се случувале во неговата фирма по несогласувањето со партнерот и долговите што ги имал по основа на хипотекарен кредит тежок три милиони евра.

Телото на несреќниот бизнисмен од водата го извадил риболовецот Сашо Поповски, кој во моментот на инцидентот ловел под мостот.

„Бев шокиран во моментот кога на дваесетина метри од мене во вирот се струполи тело на човек. Веднаш претпоставив дека некој скокна од мостот. Се фрлив во вирот и го извадив човекот. Тој се' уште даваше знаци на живот. Притрчаа и други риболовци во обид за прва помош. Веднаш повикавме Брза помош и случајот го пријавивме во полицијата. За жал, човекот почина додека да стигне возилото на Брза помош“, вели потресен од случајот спортскиот риболовец Поповски. (Ст.Б.)


Статијата е прочитана 1096 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Македонски документи се фалсификувале во Србија
Педофил од Прилеп осуден на 4,5 години затвор
Го грабнале за да им даде 50.000 евра
Апелација потврди за случајот „Гаврилов“
Одбиени гаранциите за Панде Лазаров
Петнаесет тетовци казнети за брзо возење
Од куќа во Тетово украдени пари и злато