Број 3649  сабота, 06 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

СМЕНИ ГО КАНАЛОТ

Бугарска сиеста

Јасминка Павловска

За потребата на телото и духот за пладневна дремка, најмногу во текот на летото, кога сонцето ја одзема желбата за каква било активност, глобализацијата го има прифатено терминот - сиеста. Иако желбата за летна пладневна дремка потекнува од шпанската традиција, најсилно изразена во земјите на Медитеранот и на Јужна Америка, зборот сиеста има корени во латинскиот јазик, односно во дефиницијата „hora sexta“, што би значело „шестиот час од утрото“.

Таа потреба за сиеста македонските телевизии ја имаат уште од своето создавање, а веројатно наследена од времето на монополското живеење на МРТВ. Сиестата на македонските телевизии започнува со крајот на учебната година околу 10 јуни и трае додека... па додека не заврши. Ако се погоди годината за некое светско или европско фудбалско првенство, тогаш веќе сметаат дека ја наминале програмската норма за цела година, со таква самоувереност како токму тие да ги реализираат преносите. Навистина МТВ летово некако неамбициозно ги истера преносите (или беа снимки) од „Копа Америка“, така што не ја наруши сиестата. За остатокот од ТВ- аудиториумот (обично од женската популација) се откупуваат или се „земаат на пишанка“ неколку ТВ-серии, кои редовно се најавуваат како невидени хитови. Како голем и сериозен ТВ-подвиг се смета преселбата на студиото и екипата покрај некаква (не)истечна вода, каде што се приведуваат на здодевен „мангал муабет“ разни намерници, но и случајни минувачи.

Но, прво УЈП, па бранувањата во Советот за радиодифузија и, на крај, Агенцијата за електронски комуникации не само што ги зацрнија екраните на фреквенцијата на А1 ТВ туку со одлуката за одземање на фреквенцијата на оваа телевизија, ги декомодираа останатите македонски телевизии од навиката за летна програмска сиеста. Дефинитивното згаснувањето на програмата на првата македонска независна телевизија предизвика раздвиженост во програмската креација на останатите телевизии. Таа раздвиженост кај некои се ефектуираште со претурање од „шупливо во празно“ со слоганот „еден час повеќе за летото и за вас“ (Сител), па Вестите и сериите ги поместија за еден час подоцна. Канал 5, на пример, реагираше со преземање на еден од заштитните презентерски лица на згаснатата телевизија, Татјана Стојановска, токму во терминот за Вести на А1, но и со почеток на серијата „Стаклен дом“ од бугарска продукција.

Знајно или незнајно, Канал 5 со серијата „Стаклен дом“ направи преседан и обид за рушење на еден од непишаните табуа во македонскиот ТВ-етер. Се сеќава ли некој некогаш да видел филм или каква било играна програма од бугарско производство на некоја македонска телевизија? Барем во некоја тематска филмска вечер во бош-термин на МРТВ? Тешко дека некој може да се сети! Веројатно никаде не постоела забрана за емитување бугарска играна продукција, но, сепак, со „Стаклен дом“ ми се чини дека првпат во македонскиот етер доаѓа програма на бугарски јазик. За среќа, со титл на македонски јазик, без натсинхронизација. И покрај сите наши предрасуди за бугарската култура, ТВ-продукција и естетика (сосема сигурно и Бугарите имаат предрасуди за нас), „Стаклен дом“ е сосема солидна, сценаристички, актерски и продукциски изработена сапуница, според стандардите на својот жанр. Освен на македонскиот Канал 5, оваа серија ќе се емитува или веќе се прикажува и на некои српски и хрватски телевизии. Со оглед дека досегашната комуникација со бугарската ТВ-продукција се одвивала во манирот на „рововските позиции“ од балканските војни, или барем 1941 година, низ призмата на политичките несогласувања, серијата „Стаклен дом“ доаѓа како некаков телевизиско-културолошки шок. Барем колку да се отвори муабет за бугарска ТВ-сиеста!


#
Статијата е прочитана 3985 пати.

Испрати коментар

Од: pameten
Датум: 06.08.2011 06:38:19
Koga togash kulturniot Berlinski dzid megju Makedonija i Bugarija kje se urne. Koga togash site kje svatat deka iako dnenes imame posebni jazici tie bile eden jazik do 20 vek, Koga togash mnozinstvoto kje nauchi deka vo rovovite na Balkanskite n Prvata Svetska Vojna Bugarite i Makedoncite bile na istata strana i barem vo pochetokot na 1941 imalo euforija. Kakov kje bide rezultatot od pagjaneto na tabuata zavisi od politikata na Makedonija. Ako se prifatat Bugarskite koreni no i posebnata evolucija kje se izgradat strateshki odnosi megju najbliski narodi. Ako se prodolzhi so inaetot za "mileniumski" Makedonski narod i jazik... del od Makedoncite kje reshat deka iako socijalizirane kako Makeodnci se' Bugari i narodod kje se podeli!
Од: Lazo Stefanov
Датум: 06.08.2011 07:21:09
Sekoja cest za Kanal 5. Redno e da gi srusime nekoi tabui, predrasudi i negativnite oredozrenosti za bugarskata umetnost i kultura voopsto.
Од: златко
Датум: 06.08.2011 07:36:59
Прика/увањето на „Стаклен дом“ на Канал5 не е без причина. Причините се најмалку две. Првата, поради тоа што како што напишавте таа серија веќе се дава и во Србија. А нашите домашни српски слуги се' прават по заповед на Белград, значи штом таа бугарска серија се дава во Србија таа не е опасна за српството и има дозвола од Белград па затоа нашите домашни слуги решаваат да ја емитуваат и во Македонија. Второ, таа серија е намерно насочување на вниманието на јавноста за да се прикрие србоманската политика на Канал5. Имено, со давањето на 1 бугарска серија настропи 1000 српски, Канал5 мисли дека ќе ја прикрие својата великосрпска пропаганда. На Канал5 не само што се даваат обични српски сапуници, но се даваат српски патриотски филмови во кои се велича српството и Србија и секој втор збор е „Живела Србија“. И наместо Канал5 да дава филмови за величење на Тиквешкото или Охрдското востание против Србите од 1913 година, Канал5 дава филмови со кои се велика поробителот, асимилаторот Србија.
Од: Boban
Датум: 06.08.2011 07:55:28
Добра статија.
Од: BgMak
Датум: 06.08.2011 09:31:55
за бугарски филмови препорачувам "Мисија Лондон", "Тили" и "Love.net". Од старите "Бај Гањо" е доста смешен.... Но најголемиот пробив во Бугарија се книгите - преведена од Запад литература. Само видете преку гугл што стока нуди секоја бугарска онлајн книжарница
Од: aleks
Датум: 06.08.2011 09:42:24
dajte mu go na makedonskiot narod bitkata na neretva i sutjeska poubavo ke se oseka hahaha
Од: VP
Датум: 06.08.2011 10:14:54
Бугарска попладневна(следобедна)дремка или македонска хибернациja(зимен сон) - изберете сами ... изборот се разбира не зависи само од Македонија, а можностите за стратешко партнерство одамна не постојат, пропилени се - не од Македонците; од Бугарите ...
Од: kajlule
Датум: 06.08.2011 12:15:02
Siesta ne poteknuva of Spanska tuku od Arapska kultura. Koja vo originalot e Kajlule sto znaci spienje vo pladne ili odmor.
Од: Slavko
Датум: 06.08.2011 12:50:50
Еве колку не сакат Бугарите http://www.capital.bg/interaktiv/debati/22_triabva_li_makedoniia_da_zapochne_pregovorite_za/1130126_triabva_li_makedoniia_da_zapochne_pregovorite_za/
Од: Risto Andov, Skopje, Makedonija
Датум: 06.08.2011 13:35:33
До Паметен и Златко! Очигледно станува збор за две продадени душички бугаромански, анонимуси, кои не сакаат да излезат на јаве, за да им го видиме предавничкиот сурат! Доследни на својата квази бугарштина, исто така не сакаат да помислат, уште помалку да сватат и признаат дека Бугарите, на дел од просторот на Р. Мледпнија, беа фашистишки окупатори и изврштели на злосторсва во инерес на хитлерова германија! Ако одиме временски поназад, фактите говорат дека Бугарија е колонијален освојувач на пиринскиот дел на Македонија, каде и денс се врши геноцид над Македонците итн. Ете господа, овие бугарски црнила не се забораваат туку така. Особено кога геноцидот во Бугарија над Македонците продолжува и трае. Но ете постојат и свињи како вас кои инсистираат на бугарска иднина на Македонците, ама фамосниот ѕудот постојано го доградувате и зацвртсувате!!!
Од: mite
Датум: 06.08.2011 14:48:51
Во Бугарија уште пред 10 години и тоа на државната телевизија се емитуваше македонскиот филм "Пред дождот". Значи Македонците имаат поголеми предрасуди кон Бугарија, отколку обратно.
Од: Бугарин от Бугариjа
Датум: 06.08.2011 14:52:31
Драги Славко, следат линкот кој си дал и не прочитав ништо лошо за Македонците. Дури напротив, многу пријателски се зборува таму во коментарите. Ти си мислиш дека зборуваат лошо, бидејќи не познаваш историјата. Чети повеќе, брате, чети! И биди здрав!
Од: Skopje
Датум: 06.08.2011 15:10:35
Паметен препаметен, Југословија Нација без југословенски Народ равно на Бугарска Нација без бугарски Етнос ( едни исти). Македонија Нација со македо��ски Етнос исто како Српски Народ/Нација, Германски Народ/Нација,Француски Народ/Нација, Шпански Народ/Нација итн. Факт е дека Бугарија е Нација без бугарски етнос.
Од: от Пиринска Македониа
Датум: 06.08.2011 15:17:45
До Ристе Андонов - не знаех дека над мене во Пиринска се варшило "притисоци", "асимилации" и прочие "вистини". Благодарен сум ти дека ти от Скопиje чак виде и ми кажа шо става тука дома каj мене.
Од: Poposki
Датум: 06.08.2011 16:33:16
Ако може по македонските телевизии да го дадат бугарскиот филм ,,Време Разделно`` појак,потежок и поемотивен филм немам гледано...и дајте не се занесувајте дека сакаат да не бугаризираат тоа се смешни приказни!!!
Од: do "pameten"
Датум: 06.08.2011 18:13:39
Makedonskiot jazik sekogas bil razlicen od bugarskiot.Vo 19 vek Makedoncite za bugarskiot jazik konstatirale deka im e nerazbirliv.Zatoa glupo i nevistinito e deka sme imale ist jazik.Da sme imale ist jazik so niv i deneska ke sme imale ist jazik kako sto imaat ist jazik Srbite i Hrvatite.E Srbite i Hrvatite imale sekogas ist jazik i zatoa i denes imaat ist jazik.Svetskite lingvisti ubavo kazuvaat deka makedonskiot jazik sekogas se razlikuval od bugarskiot.Jasno e deka Makedoncite i Bugarite nemaat ist koren.
Од: macor
Датум: 06.08.2011 20:48:53
..Do RISTO ANDOV, SKOPJE ,Makedonija,....Risto be, od avion se gleda deka ne samo sto ne si vospitan ama si i ne educiran, kutriot,,,,napolno se soglasuvam so PAMETEN i ZLATKO,,,,treba ednas da razbereme deka Bugarija e majka na Makedonija, sakal go toa TI ili ne....neka izlezat vlastite vo Mk kolku makedonci zavrsija fakultet i se steknaa so obrazovanie vo Bugarija, studiraa besplatno i dobivaa stipendii,,,Bugarija prva ne prizna i ne snabduvase so strateski proizvodi i nafta, vo vremeto koga Grcija ni vovede embargo,,,,ne ti velam sakaj ja, no barem ne vregaj , no te ostavam da si ostanes takov kakov si - kutar, i zaedno so tvojata omraza da si tones vo sobstvenoto gubre od zabluda i ksenofobija....a za kanal 5, nema da me cudi da pocnat i Draza i car Dusan da mi gi velicat,,,,,no za razlika od g-dinot NEPISMEN, jas nitu imam protiv nitu gi mrazam srbite, ja ostavam istorijata na nepismenite, i me interesira idninata....Germanija ja okupira cela Evropa, pa nikoj ne ja mrazi........
Од: Kompetenten gledac
Датум: 07.08.2011 07:43:58
MAKEDONSKI MEDIUMSKI SUVERENITET nedostato na sopstvena produkciska komponenta ostavi premnogu prazen prostor vo eterot. Site ovie tranziciski godini se rushi monopolot na MRTV. Kakva glupost, kakva neznaewe. Se srushi profesionalizmot, Nemawe kontiunirana produkcija sopstvena sodrzina, /zanrovite se izvesni/gi donese, turskite, srpskite, indiskite, bugarskite.. koi stana zamena za nashata realnost.. se razbira deka e toa smislena agenda odvntre za raznebituvawe na mediumskiot suverenitet.. mnogu poseriozen problem otkolku "Vasata"lezerna siesta..TV gledalishte, a ne auditorim..medimski analiticharu
Од: Petko
Датум: 07.08.2011 08:15:56
Do - macor , Iti se vklopuvas vo konstataciite na Risto , i ti si eden od laznite patrioti na Nakedonija, od tie takvite kako tebe ne ni biva drzavata,
Од: koco amsterdam
Датум: 07.08.2011 10:10:27
Ne sakav da komentiram na temava no moram nesto da mu objasnam na macor i ostanatite probugarski nastroeni paltroni. Germanija ja okupirala Evropa, tocno taka, ama Germanija i se izvinila na taa Evropa i Vili Brandt klecese vo Varsava 1970 god. oddavajki pocit na zrtvite na fasizmot i barajki proska za site zlodela napraveni od nacistite. Za razlika od niv Bugarite ne mu se izvinile nikogas na makedonskiot narod za izvrsenite zverstva naprotiv do den denesen ne ubeduvaat deka ni bile osloboditeli, a ne okupatori. Takvi tezi mozat da se plasiraat samo na prosta raja, koja za zal vo MK ja ima vo izobilstvo.
Од: D.V.
Датум: 07.08.2011 12:46:25
Zborot "sjesta" tocno e deka dovagja od latinskiot zbor, "hora sexta" i e"uspesno praktikuvana" vo mediteraskiot del na Evropa i Juzna Amerika. Sjestata bila lesno prifatena od Arapite koga vojskovodacot Tarek, preku Gibreltar po kogo go nosi imeto "Zeb El Tarek"( planinata na Tarek) navlegol vo Spanija. i do nekade ja arabiziral; rekata Gvadelkivir e Ued El kebir Gomemata reka, a vo Granada vo palatata Heneralife i denes se cita so arapski pismo" Nokta e za uzivanje, a denot za odmaranje."( rahat)! Sto se odnesuva do nasite "bugarski koreni" da ne ste nesto vo greska, bidejki potocno e deka nivnite mongolski koreni pretopeni se aj nase,bidejki doseleni balkanot po Slovenite. inaku,veruvajte, tesko e da se bide Makedonec vo Bug.!Toa sto nasite deca studiraat tamu, ne znaci deka se priznati kako Mak., a bugarskata darezlivst e cista matematika!! Na grupaa turist od stranstvo, zboruvajki im za Blg.muzika,se prestavile so "Biljana platno belese",bidejki neli za nim sme samo drzava,a
Од: goran
Датум: 07.08.2011 13:12:53
za onie koi ne znaat, po vtorata svetska vojna se smeneti nekolku bukvi od bugarskata azbuka i e sozdadena takanarecena Makedonska azbuka, sekoja vtora kuka/familija ima pobliski ili podaelcni rodnini vo bugarija. i od onie stari familii gradski sigurno doma imaat po nekoj dokument na bugarski, diploma stari pari itn. porano do pred 20 godini imase SVIZDANJE/viduvanje megu Stip I Blagoevgrad Strumica i Petric Kriva Palanka i Kustendil megu Rodninite Familiite sto ziveeat vo ovie gradovi

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Печатено
Не договарав влада со Али Ахмети
Црната пантерка планира свадба
Валкана војна меѓу државата и инвеститорите
Директорската кариера на коцка
Младешкиот дух на градот на Врбас
„Драматург“ отвори многу дилеми
„Тавитјан брадерс“ на Тумбе-кафе во Битола
Ем празно ем метеж
iPhone 5 пристигнува дури во октомври
„Пелистер“
Владата се пофали со полн буџет, а се' уште се задолжува
Џон Тошак нов селектор на Македонија
Македонскиот шарпланинец - цар на планините
Лето - време за печалбарски свадби
Осум полицајци повредени во немирите во Лондон
Кризата со суверенитет на Европа
Обама не го сфаќа кипарското прашање
Фатална самозаљубеност на лидерите
Работнички го носи Лацио!
Тачи
„Quo vadis“, Македонецу бре!“
Фестивалот АКТО годинава на тема „Работи никогаш“
Карикатура

"""