05.08.2011, 20:16 Интервју
Не договарав влада со Али Ахмети
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ, најавува обединување на сите политички субјекти, невладини организации, здруженија на граѓани во фронт за побрза смена на власта
Александра М. Митевска
Дали сега жалите што ги инициравте предвремените парламентарни избори?
Во голема заблуда се сите оние што мислат дека предвремените парламентарни избори се случија затоа што опозицијата ги бараше. Во претходниот парламентарен состав Груевски го контролираше апсолутното мнозинство и единствена причина зошто распиша избори е неговата проценка дека поддршката за власта опаѓа и дека е дојден последниот момент во кој се' уште има шанси да го задржи мнозинството, макар и релативно, а со тоа и власта. Впрочем во 2008 тој предизвика предвремени избори, иако во тој период никој тоа не го бараше од него. И во двата случаи единствен мотив беше теснопартискиот интерес на ВМРО–ДПМНЕ и желбата за власт независно како тоа се одразува на националните и државни интереси на Македонија.
Што ви е сега главна преокупација? Како конечно да го урнете Никола Груевски или, пак, по изборите можете да земете здив и повеќе да му се посветите на приватниот живот?
Никола Груевски како приватно лице не ми претставува никаков предизвик, а уште помалку преокупација. Она што претставува огромен проблем, не за мене лично туку за цела држава и за сите нејзини граѓани, е политиката што Груевски ја спроведува од позиција на премиер во чии раце е целокупната власт во земјата. Значи, не се работи за никакво лично непријателство ниту пак само за однос меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, туку за нешто многу покрупно и позначајно за животот и за иднината на сите наши граѓани. Што се однесува до приватниот живот можам само да искажам огромна благодарност до целото мое семејство за големото разбирање и поддршка низ сите овие години. За жал, и оваа година ќе помине без заеднички годишен одмор.
Не бевте директен учесник на овие избори. Дали на некои следни избори можеби на претседателските во 2014, би можеле повторно да Ве видиме како кандидат?
Дозволете една корекција. На овие избори јас не бев кандидат ниту за извршната ниту за законодавната власт. Инаку на изборите учествував со сиот мој капацитет и енергија. Во повеќе наврати имам истакнато дека откако ги вршев највисоките функции во државата премиер и претседател јас веќе немам право на лични амбиции во политиката. Имам само должност и одговорност да работам за доброто на овој народ без да барам нешто лично за себе. И од таа моја одговорност ниту сакам, ниту можам да побегнам.
На конгресот во Битола прогнозиравте победа на опозицијата на локалните избори во 2013? Дали тоа значи дека е надмината политичката криза и дека во меѓувреме нема да се создаде атмосфера за нови предвремени избори?
Со овие избори кризата во Македонија не само што не е надмината туку се продлабочи. Како резултат од изборите ја имаме истата влада, со истите коалициски партнери и истиот премиер. Тоа значи дека ќе продолжи да се спроведува и истатата политика. Кои се резултатите од петгодишното владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ : на економски план имаме рекордна висока сиромаштија и невработеност, рекордно висок долг кон странство и рекордно ниско ниво на странски иневстиции. На планот на демократијата имаме партизирана администрација од кога било досега , груба политичка инструментализација на судството, гушење на слободата на медиумите, злоупотреба на институциите за пресметки со политичките неистомисленици. На планот на евро-атланските интеграции целосна блокада и бесперспективност со што директно се уништува иднината на земјата и нејзините граѓани. Кои потези ги повлече власта во периодот од 5 јуни до денес? Одмазничкото притворање на Љубе Бошкоски со очигледно политичко - партиски мотиви. Грозоморното убиство на Мартин Нешковски и срамното заташкување на истото од страна на МВР. Затварањето на „Време“, „Шпиц“, „Коха е Ре“ и гаснењето на сигналот на А1. Измените на законот за радиодифузија и ставањето под контрола на Советот за радиодифузија. Амнестија на Хашките случаи и грубо дерогирање на судството и правната држава. Одлуката за рушење на „Космос“, една од ретките домашни инвестиции и тоа во време кога со закон се легализираат дивоградбите. Всушност, една примитивна политичка пресметка со опозициониот пратеник Фијат Цаноски.
Сето ова е доказ дека штетните политики на старо - новата влада не само што нема да се корегираат туку дополнително се радикализираат. Тоа неминовно води кон изострување и продлабочување и на политичката и на економската криза во Македонија. Излезот од оваа криза е во промената на самата власт. Наша задача како опозиција е да правиме се' што е во рамките на нашите можности до таа промена да дојде што е можно побргу. И ние тоа ќе го правиме.
Дали навистина по изборите преговаравте со Али Ахмети за формирање на влада, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, но и некои пратеници од ДУИ?
Со господинот Али Ахмети воопшто не сум се сретнал со месеци наназад, а камоли за што било да преговарам. Се работи за една груба измислица од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се' со цел да се релативизира срамниот политички пазар помеѓу нив и ДУИ при формирањето на заедничката влада. Пред очите на целата македонска јавност се покажа дека самонаречените „големи патриоти“ кога се работи за задржување на фотелјите и власта се подготвени за ревидирање на Охридскиот договор и што е уште пострашно за амнестија на злосторства против човештвото - нешто што се коси и со меѓународното право и принципи. Најсрамно од се' е што Груевски немаше храброст да се појави во Собранието и лично да ги образложи договорените работи. Големиот „пастир” и „најхрабриот после Александар” се скри зад пратениците кои што ги употреби како топовско месо. Но тоа не е ништо ново за Груевски.
Впечаток е дека релациите меѓу СДСМ и ваши поранешни партнери од ДУИ сега се напнати како никогаш досега?
Нашиот став останува дека сакаме да градиме добри односи со сите политички партии на Албанците на принципиелна основа. Сосема друго прашање е што ДУИ од за мене неразбирливи причини ја прифати на себе улогата на „адвокат на ВМРО-ДПМНЕ”, во текот на собранискита дебата, па многу почесто мотивите на Груевски ги објаснуваа пратениците на ДУИ од оние на ВМРО-ДПМНЕ или самиот Груевски. Раководството на ДУИ треба да биде свесно дека ја дели одговорноста со ВМРО-ДПМНЕ за генералнита политика на владата, без разлика дали со некои постапки се согласуваат или не. Како што Груевски е одговорен за амнестијата на хашките случаи така и Али Ахмети сакал или не станува одговорен за блокадата на евро-атланските интеграции, за задушување на медиумската слобода, партизацијата на администрацијата и газењето на независноста на судството.
Како се случи односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да станат толку идилични и до кога мислите дека тоа ќе трае?
Колку се односите меѓу коалициските партнери во Владата идилични јас не знам. Уште помалку дали тие односи се искрени и трајни. Од она што можам да го видам заклучувам дека прагматичниот интерес да се задржи власта беше решавачки да се надминат сите разлики, без разлика колкави биле и во однос на колку важни прашања се однесуваат. Прагматичноста во политиката е важна работа. Без неа дури и најдобрите програмски цели можат да останат неостварени. Но, не може и не смее се да се сведе исклучиво на гола прагма. Во тој случај идеологијата и политичките програми се вулгаризираат.
Какви Ви се очекувањата од персоналниот состав на третиот кабинет на Груевски? Дали осумте нови министри во важни ресори ќе можат да придонесат за промена на курсот?
Вашето прашање би било логично доколку кој било од министрите има одредена самостојност во креирањето на политиките во сопствениот ресор. Тоа едноставно во режимот на Груевски не е можно. На пример ниту Антонио Милошоски досега, ниту Никола Попоски од сега имаат поголема улога од курирската, во надворешната политика на оваа власт.
Тесниот круг луѓе, во јавноста познат како „фамилијата“, кои всушност ја креираат политиката и одлучуваат за судбината на два милиони луѓе се на истите места и во оваа влада – Груевски, Ставревски, Јанкуловска, Јанакиевски, заедно со неколку „сиви еминенции“. Од тие причини не очекувам никакви промени на генералниот курс, посебно не кон подобро.
Дали во новата владина програма препознавате проекти кои би значеле надминување на најг��рливите проблеми на државата, како економијата, евроатланските перспективи?
Погледнете го само делот од програмата кој се однесува на евроатланските интеграции и на спорот со Грција околу името на нашата земја. Се' на се' десетина реда. Тоа само по себе говори за важноста на европската иднина на земјата за оваа влада. Што се однесува до економијата ќе наведам само неколку примери. Пред претседателските избори на почетокот од 2009 година Груевски вети 8,5 милијарди евра инвестиции во следните седум години. Во оваа владина програма се планираат меѓу 2 и 2,5 милијарди странски инвестиции до крајот на 2015 година. Каде исчезнаа шест милијарди евра ветени инвестиции? Или, споредете ги владините програми од 2006 и 2008 со оваа најнова владина програма од 2011. Ќе забележите буквално исти, целосно препишани цели страници.
Се најавува ширење на опозицискиот фронт. Но, не останаа многу релеватни субјекти што би можеле да ви се придружат, каде ќе барате нови партнери?
Опозицискиот фронт останува целосно отворен за сите кои сакаат да ни се придружат во битката против овој режим. Ве уверувам дека опозициското расположение во земјата е мнозинско, но се' уште расцепкано и заради заканите и притисоците од власта во голем дел е притаено. Основна задача на опозицискиот фронт ќе биде тој револт и желба за промени да ги обедини, да ги охрабри и артикулира во една единствана политичка сила доволно моќна да ги изведе промените.
Барате ли свој наследник во СДСМ?
Во СДСМ членуваат над 60. 000 членови кои единствено имаат право да одлучуваат кои личности ќе се наоѓаат на раководните места. Од тие причини, никој, вклучително ниту јас, нема право да го „октроира“ или „поставува“ идниот претседател на СДСМ, туку тоа мора да биде личност избрана, прифатена и подржана од членството на СДСМ. Јас лично сметам дека има повеќе личности кои ги имаат сите квалитети со успех да го предводат СДСМ.
За независноста на Македонија
Каде згреши Македонија во овие 20 години независност? Чуствувате ли лична одговорност за дел од грешките?
Многумина лесно даваат поедноставени, најчесто негативни оценки за изминатите 20 години. При тоа како да забораваат дека се тоа единствени години на самостојна, суверена современа македонска држава. Други нема. Во овие 20 години ни се случија крупни, историски неповторливи работи. Се изборивме за меѓународно признавање на земјата, успеавме да станеме кандидат за членство во НАТО и ЕУ. Ова се без сомнение работи со кои имаме право да се гордееме. Ова е голема историска победа на овој народ. Од друга страна, после 20 години независност Македонија е земја со огромна сиромаштија и невработеност.
Денес во Македонија одредени прашања за кои сметавме дека се одамна успешно решени како на пример, слобода на медиуми, основни права и слободи на граѓаните, независноста на судството, повторно се отвораат со сета жестина. Дали чуствувам лична одговорност за дел од грешките? Да и за нив јавно се извинувам. Ве уверувам дека никогаш не сум направил ништо со лоша намера или свесен дека ќе бидат предизвикани негативни последици. Едноставно со сознанијата со кои сум располагал во тие моменти сум мислел дека така е најдобро и најправилно. Но, ако веќе ја носам одговорноста за некои од негативните работи, тогаш го имам полното морално право да се гордеам со успесите во овие 20 години.
Денес многу се зборува дека за министри се избираат млади луѓе. Како се чуствувате Вие кога на 30 години ја преземавте премиерската функција, во едно мошне турбулентно време?
И тогаш, но уште повеќе денес, сметам дека за вршење на најодговорните државни функции неопходно е и работно и животно искуство. Младоста носи се себе енергија, ентузијазам, храброст што е добро, но не и доволно. Посебно кога се соочувате со крупни и тешки одлуки каде ситуацијата не е црно - бела, а таквите се и најчести. Во 1992 не ни помислував да станам премиер. Играта на судбината, после враќањето на мандатот за составување на влада прво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и од страна на Петар Гошев, создаде ситуација во која на неполни 30 години застанав на чело на Владата, во едно навистина тешко време исполнето со ризици и предизвици. Од денешен аспект би рекол дека тоа беше повеќе храбар отколку рационален чекор.
|
|
Статијата е прочитана 10177 пати.
|
Испрати коментар
|
|
George, 06.08.2011 00:30:59 | Дај, те молам, тргни се веќе еднаш! Па нели фактички вчера имаше избори? Новата влада не е ниту 10 дена на власт, а камо ли 100 денови!? Пушти веќе еднаш нека се владее, а ако не оди тоа народот сам ќе го препознае.
Да се разбереме, не сум политчки определен (освена ако љубовта кон родната земја Македонија се смета за определеност), па тргни се, доста ти беше владеење, уживај го животот, а помладите нека ги зграпчат своите шанси за подобар живот, подобра Македонија, за напредок. |
| neopredelena, 06.08.2011 00:44:56 | Ubavo.
Ajde sega neka napravete intervju i so Pretsedatelot na VMRO-DPMNE, da gi vidime negovite stavovi. Ama toj nema da saka, toj javno ne dava izjavi, intervjua, debati. Toj samo znae da cite. A tie poltroncinjata okolu nego se krijat. Apa ako uspeete eden od Mijalkovi da naterate da zbori e toa ke bide najgolem uspeh. |
| pece, 06.08.2011 00:45:13 | Znam te pusko kad si pistolj bila |
| Arhetip, 06.08.2011 00:57:44 | Se trudam, no nekako ne mozam da veruvam vo toa sto ovoj politicar go govori. |
| GoranSDSM, 06.08.2011 00:58:06 | ako vo Frontot e Emilijan,Savova,Igor Ivanovski i Mincev ,ve molam podobro da ne go otpocnuvate da go realizirate,vejke ni e smaceno od gubenje na izbori i frontovi.Inaku bi ve prasal :kako vie toa zaboravivre da im se zablagodarite na site koj trcaja za vas poslednive izbori ,eve barem ednas na TV.Barem ednas da ni se obratevte.I sega FRONT,so kogo so vas?Aj ve molam najdete vasa zamena ,da si ja natovarite kolata so pogore spomnatite i da si odite vo Predsedatelskata kancelarija i da go ostavite vejke ednas SDSM na mira.Verojatno mislte deka jas pisuvam kako da sum clen na ovie diktatori od VMRO DPMNE ,poltroni i psihijatriski slucaevi.Ne,dragi moj predsedatele toa se samo vasi tvorbi.Vreme vi e da go napustite SDSM.Iako ste soliden,umen VREMETO VEJKE VI E POTROSENO |
| Граѓанин, 06.08.2011 01:42:08 | Драги читатели на „Утрински“.
До овој момент статијата е прочитана 630 пати, без ниту еден коментар. Демократија од вас, сограѓани, не може да се очекува сè додека гледам вакво тотално некритичко едноумие. |
| Маја, 06.08.2011 01:45:41 | Секоја чест претседателе, сигурна сум дека вие сте единствениот кој во овој момент може да ја спаси нашата земја и да ја врати на европскиот пат по кој пред 5 години храбро чекореше... Да го вратите достоинството на луѓето затоа што во овие моменти живееме во една карикатура од држава во која портокаловите испрани мозоци имаат поголемо значење и вредност од народот кој раљзмислува со своја глава и кој не се подава за 500 ден.... |
| prazno, 06.08.2011 01:52:05 | intervjuto iako zadocneto sepak e dobro sto se sluci za da go vidime branko deka e ziv oti nekako go nemase denovive. megutoa ne kaza nisto za sdsm, kako e mozno da gi ostavi istite od centralen i lokalni rakovodstva od 3 i.e. posle 3 poraz so 12:8 i sekade kade sdsm imase poraz. Kako moze gruevski da go meni pola izvrsen a vo sdsm site se pravat na tosho. Aj imase dobar rezultat ama nekade nekoj si vikam i potfrli pa treba da bidi smenet. SDSM nema vnatrepartiski sistem na nagrada i kazna, vo sdsm nitu eden od provincija ne moze da uspee i da prosperira zatoa sdsm nema mladina koja za da te sledi treba da i dades sansa kako sto toa go pravi gruevski. Do koga so Frckoski, Milcin, Bojceski, Veruseski, Makraduli, Cvetanka pa preteravte. Zarem vo sdsm nema mladi kadri so svezi idei. Zarem pak ke pravite frontovi i ke barate kadri vo LDP, nevladini itn. Zarem nemate sami idei da ja dobiete doverbata i da POBEDITE. Zalno za site koi se priklucija na NOVIOT sdsm i cekaa sansa da se dokazat. |
| Blue fighter: Osnovata na brakot megju Grujo i Ali ne e ideologija, 06.08.2011 01:54:14 | Uste pomalku zasnovan na politicki programi. Nivna edinstvena programa se tendersko-koruptivnite nacini na praktikuvanje na vlasta zajaknati so dopolnitelna poddrska od nivnite mentori-osnovachi,koi gi drzat na jazhe maftajkji im pred nos so dosijeata (nivni licni ili na vidni clenovi od nivnite familii).Toa istoto go kopiraat tuka pri pazarenjata i "na ti -daj mi "nateganjata dodeka se dograbat za pogolem del od kolacot.Vo takva konstelacija na odnosi zar seuste moze da se veruva deka imaat troshka patriotski dolg kon drzavata (koja ja vodat vo ambis) ili narodot,koj tolku go ponizija so bedata kako najevidentna i efektna pridobivka na Prerodbata,sto veke e vo letargija.Stravot sto go rasposlaa (kako urnek od vremeto na Stalin )e samo dokaz + deka nema drug izlez osven OTPOR.Modalitetite osmislete gi i ponudete gi dodeka ima za sto da se borime,dodeka drzavava ima seuste sansi da opstoi pokraj tolkaviot napor na vladeacite da ne ja bide.Ucitelite za toa im se zaednicki,a gi slusaat. |
| gimi, 06.08.2011 02:10:47 | Сочувство до тие што уште можат да ти веруваат. |
| lojalen_albanec, 06.08.2011 02:32:43 | Ovoj covek mi se losi da go gledam da ne zborime da go slusam ili procitam sto kazuva.
Edno samo ke mu poracam kazi mi ti g-dine(ako smeam taka da te narecam) sto si napravil ti vo tvoeto 13 godisno vladeenje? so ova prasanje nemu ke mu zatvorite usta, zarem nekoj se sekava na nesto ubavo koga on vladeese? jas licno NE. |
| SDSM od Prilep, 06.08.2011 02:56:58 | Pobedata na SDSM doaga... napred Pretsedatele.... ........ ... Prilep poveke ne e bastion na DPMNE....... Da zivee SDSM i Branko Crvenkovski........ |
| Dimo, 06.08.2011 03:16:18 | Sikter be,dosta ni e od tebe. |
| bate Vane, 06.08.2011 03:23:10 | Toa e spasot na Makedonija!! Samo Branko i kompanija.Da si go smenime imeto da si go smenime identitetot.Kakva drskost i bezobrazie bez troshka doblest na "drzavnikot".Komentarot na Goran SDSM e prav patokaz za samata partija ako saka da ja vrati vlasta vo svoi race,se drugo e mlatenje slama.Novi kadri Branko novi lica penzioneru ako ja sakash tolku drzavata i partijata kao shto izjavuvash.Imaj hrabrost pa napravi go toj chekor pa ke vidish deka nema da zgreshish,eve veke vo 2013 na lokalnite izbori..Bravo za Goran |
| Janakiev Nikola, 06.08.2011 03:33:38 | Kole6.8.2011god.
Gos.Crvekovski.Sest miliardi evra izceznati za ivesticii e deka se krade vo Makedonija.Go kriete greo a se izvinuvate.No ako ja nosm odgovornosta za nekoi negativni raboti,togas gi imam ponoto moralmo pravo da se gordejam so uspesiti za ovie 20godini.So smetane na vladata vo sve sto odluci.E dovono da se zakluci da ste vie vinovniko.
Dosta so ta lubomara.Crevnkovski sto e Gruevski na vast Gruevski sto Carvenkoski bil na vas. |
| K, 06.08.2011 03:42:48 | Кој како сака нека вели ама едно е сигурно, Бранко е ЅВЕЗДА! Крај. |
| Кристина, 06.08.2011 05:10:17 | За разлика од некои си квази политичарчиња, овој човек е вистински државник. Одговорен, лојален и посветен на унапредувањето на својата земја. Па, згора на тоа е и несебичен, скромен, не бара функција, не бара нешто лично за себе. Штета голема е што живееме со хиени кои бескрупулозно, бессрамно, нечовечки и неосновано ги извалкаа неговите лик и дело. Далеку е од истрошен, напротив - може овој човек уште многу да даде за Македонија, ама нечии антикампањи го истрошија. |
| aleks, 06.08.2011 05:41:56 | ovoj veke pobelel i ostarel zarem misli deka nekogas ke se vrati na vlast koga bese mlad nisto ne napravi ne pak sega na stari godini mi se gadi veke od nego a veruvam i na cela makedonija. |
| bitola, 06.08.2011 06:33:04 | ''TI VERUVAM'',rece zakon za TAT tie sto ti veruvaja dojdoja do nula[tie bea..bea tvoj simpatizeri],presedatel ne se kanditira,ko se vrate na vlas go zastiti clenstvoto..da ne nabrojuvam,a za zastita na clenstvoto uci od grujo[ako veke ne ti e kasno]. |
| Kiril, 06.08.2011 06:35:39 | Kako i sekogas , drzavnikot e vo 'top' forma.
Trebase da mu se postavi prasanje , da li e zadovolen od potegot na vladata da gi renovira (modernizira ) zatvorite vo Sutka |
| Od strana gledano, 06.08.2011 07:07:54 | Od ovoj covek izgubi opozicijata i ce gubi se dodeka e toj na celo na opozicijata, lagi od pocetok dko kraj, ne pravi da go zaboravime i ona shto go znaeme. Ne baral demek toj izbori, vlasta gi barala tie izbori, nekoj drug gi turnal pratenicite vo prv front kako topovsko meso, a zaborava deka po procenkite deka ce izgubi na izborite samiot toj se povlece i gi turna ostanatite kako topovsko meso. So vetuvanjata deka ne go interesiralo nishto licno, zivi bili pa videli dali vo idnina ce go interesira nekoja funkcija, ili ce bidi pu!Pu! ne vazi. Da sme iskreni deka ima i ubavi kazani raboti shto se odnesuva so politickite presmetki so Fiat Canoski koi VMRO debelo ce gi plati, a mislam deka samo toj slucaj e i povod za ova intervju. Sho se odnesuva so izjavite za Ljube, ne mu drzi voda ! Iskreno mu posakuvam na ovoj cove da si gi uziva penzionerskite denovi i da ni se trgne od pred oci! |
| templar, 06.08.2011 07:25:40 | Dali gledas Branko kako s pravat kadrovski reformi vo VMRO DPMNE>Gi nema vo izvrsen komitete ni Gorcev ni Taleski Ni konjanoski Ni janakieski,a za nov gen-sek e izbrano za javnosta neppoznato lice.E zatoa imaat uspeh Vmro.A ti so starata komunisticka skola drzi si gi i postavuvaj gi na nosecki mesta i Jani i Sema i Mincev i Rada i Cvetanka i uste cela duzina istroseni paraziti. |
| zlatko, 06.08.2011 07:46:39 | Што е тоа што ги спојува ДПМНЕ и ДУИ? Челниците на ДУИ се луѓе од планина, луѓе кои во крвста им е насилство и насилничко решавање на проблемите, луѓе кои се би дале за да лапнат некој тендер. Е, истото тоа важи и за ДПМНЕ, тие не се од планина, но насилието го спроведуваат латантно преку институциите на системот, мили им се тендерите, мили им се фотелјите, мили им се злосторниците од УЧК оти ДПМНЕ се „најпатриотска“ партија... |
| canko vaganar, 06.08.2011 08:08:04 | pretsedatel si e pretsedatel...za tie sto smetaat deka treba da se povlece,neka odat vo druga partija ili ova i e podgotovka za da otidat...i neka sreken i pat....megutoa dosta veke pamet koj da ne vodi tie sto ostanuvame..go izbravme i tuka e tockata po ovaa prasanje...se drugo e od protivnicite...raspisani izbore predvremeni na negoviot grb,temna i morbidna kampanja ptotiv nego licno vodena od ovo nekadarnicite,na negov grb,izgubeni izbori na negov grb,i se sto treba i ne treba na negov grb...pa uste poveke sekoe vmrovsko politicarce za da napreduva ne go vadi od usta pa i da e od nekoja...koperacija.Tuka se pdgovorite na site prasanja s koi se igraa decurlanata po parlamentot...nemalo pregovori so ali,predadeni nacionalnite interesiod vmroto,amnestijata ,zaboraveni braniteli,priznavanje deka neuspesno ja vodele EUiNATO.politikata,kratko se dadoa uste ......da si go dadeoa za vlada da formirat..i zatoa i e kriv BC..za se sto go obvinuvat mozea da go resat vo ovie 5 godini ...... |
| toso, 06.08.2011 08:08:33 | tesko na fijat canoski so tebe i tvojot opoziciski front.aman ne brani go poveke... |
| Трпе, 06.08.2011 08:34:54 | Со ова интервју,мамката на дпмнеовските загари лајачи е пуштено.Сега слободно може да се изналајат после месец дена.Но тие од сламката во окото неможе да ја видат гредата.Никако да сватат дека со нивната победа изгубени се уште 4 години,да се надеваме дека за овие години додека се на власт нема да ја погребат земјата.Само кај нас се случува некој да критикува опозиција а негледајки што работи власта.Парадокс зарем не!!!! |
| euro, 06.08.2011 08:46:57 | DA BE . . . . |
| Zoran, 06.08.2011 08:51:53 | Топ е државников. Додека дилаше со Милошевич ние генерацијата 1971,1972 гиневме по боиштата на бивша Ју. Додека ВМРО заговараше АРМ, Денар, Држава, државников шверц правеше со Милошевич. Додека источните земји делеа ваучери, државникот опустоши се што е економија.Овој човек може да е државник, ама за мафијата и ситната боранија. Или ајде, кој е најголемиот проект на Бранко Црвенковски. И уште нешто околу неговата демагогија. Невладини и граѓански организации не смее да учествуваат во политика и политички кампањи, забрането со закон. Ах да, има телефон он како да го онади законот. |
| Golemo prasanje, 06.08.2011 09:11:33 | Golemo prasanje e dali SDSM na celo so B. Crvenkovski moze da pobedi na koi bilo izbori? Raspolozenieto kaj narodot e vece sozreano za promeni, no, problemot e toa sto SDSM so B. C. na celo ne e alternativa! Mnogu evidentno e deka site konci vo partijata gi vlece toj. Site pratenici vo Sobranieto i site ;lenovi vo rakovodnite organi na SDSM se negov izbor! Ako se zboruva za ,,familija,, vo DPMNE, istoto moze da se kaze i za SDSM: ,,Branko & com.,,. Znaci, potreben i nov lider na partijata i novi ludje vo nea! |
| Predrag, 06.08.2011 09:12:35 | Blagodarenie na vas( i na nikoj drug osven vas) G-dine drugar Crvenkovski , VMRO-DPMNE i G-dinot Nikola Gruevski e sega na vlast i ve pobeduvaat veke 6 pati. Doagjam do zaklucok deka ste desna raka na Nikola Gruevski.
P.S. Ne sum politicki oboen . |
| Realen, 06.08.2011 09:27:11 | Кога народот би знаел што и кого бира....дури тогаш би го одбрал вистинскиот во тој момент. Гледам многу ВМРОВЧИЊА....го гледаат Бранко како тежок противник со поминат рок....за жал, тоа е така, затоа што секогаш знаат да измислат добри приказни во кои....лекоумниот народ верува...ваква тортура, на НЕистомисленик како грујо скапо плаќа...кој го има осетено тоа знае....вака не било ни во БУГАРСКО! Дојде...време....кога....неписменоста ќе биде главна карактеристика во Р.Македонија, иако во секое село има т.н. факултет. Иако процентот на високо образовани лица ќе е над 70%, сепак ќе имаме слабо едуцирани кадри кои би можеле да и помогнат на Р.Македонија. Со ваква влада, никаде неможеме да стасаме...Цело време, се тепаат во гради ова-о��а направивме, цело време....додека некој градеше држава....другите...си играа „ТОПКИ“....кој правел куќа со минимални пари знае како е да се почне од ПОЧЕТОК! А вакви „ЛАЖНИ ПАТРИОТИ“ кои гласови добиваат заради името ВМРО, не ни требаат! |
| Богдан, 06.08.2011 09:28:30 | Уверен сум дека во еден подемократски амбиент СДСМ ќе ги добиеше изборите, голем беше потегот да не се кандидирате за ниедна функција и да покажете дека не ви е дојдено само до власт.Јас сум човек што многу ве почитува и мислам дека интелектуално сте супериорен во однос на Груевски, и стварно во најтешките времиња за Македонија бевте добар премиер.Груевски само се вади на економската криза а баш би сакал да го чујам ако е тешко да се справуваш со оваа криза, колку беше тешко да бидеш премиер во 1992 кога бевме непризнаени, блокирани и од север и од југ без никакви институции на вистинска држава.И на крај имам еден совет, не можете да си го кренете рејтингот со луѓе околу вас што народот не сака да ги види пред се мислам на Игор Ивановски, Емилијан, Минчев(во таа клапа беше и Бучковски, ама добро е што него го тргнавте), едноставно народот не ги сака, иако првите двајца се добри оратори.Ви пожелувам успех и што поскоро да не спасите од ова зло што ни ја окупира Македонија. |
| veles, 06.08.2011 09:32:16 | dobro be luge (sdsmovci)dali vie imate pamtenje i dali pamtite se so napravi ovoj vasiov diktator se dodeka e on tuka od ovaa vasa makedonija nema da bide nisto,ako imate pamtanje neka kaze nekoj so napravi branko dodeka bese na vlas osven so (gi zatvori i ukrade site firmi osven so ni vovede vizi i so uste ne drugo)seto toa go zaboravivte ama ima nekoi i so pamtat pa zatoa branko ke dojde na vles koga vrbata ge rodi grozje.osvestete se luge dosta vi gi perea mozocite. |
| Dimitar, 06.08.2011 09:36:01 | Попусти и смешни се коментарите од типот-Бранко оди си,Народот не те сака,Членството не те поддржува...На контото на СДСМ на овие избори се стекнава +150 илади гласови.Тоа е огромна бројка!Во тоа заслуга има и целото раководство,кандидатот за Премиер,Шекеринска но и Црвенковски...Мудар и стабилен политичар,во кој имам доверба и знам дека ќе успее во она што го вели-пораз на овој режим. |
| Hari, 06.08.2011 09:48:02 | Nepismeni vmroni, nema da vi uspee vasata zelba da vie odreduvate koi ke bide opozicija, kadri vo SDSM, i preku, Mirka i latas da go ocrnuvate SDSM i latas. Nim toa im e rabota , taka zarabotuvat. Branko bese i ostana nocna mora za vas. Napred Branko , samo zaradi dobroto na MKD, od ovoj Fasizam samo ti moze da ne kurtulis i ke ostanes legenda. Cekam 200 000 na partizanska za nekoj mesec. |
| mile, 06.08.2011 09:53:29 | site zaedno protiv firerot gujo!!! |
| gragjanin, 06.08.2011 10:08:01 | Makedonskata drzava nikogas nema da zazivee so vakvi politicari cija glavna cel e da ostanat sto podolgo i po sekoja cena na vlast.Tuka mislam na dvete najgolemi makedonski partii SDSM i VMRO-DPMNE.I dvete imaat neprostlivi grevovi vo odnos na idninata na makedonskiot narod i RM kako drzava.Pocnuvajki od Ustavot donesen pri osamostojuvanjeto na drzavata,pa preku ramkovniot dogovor,amnestijata na " borcite za covekovi prava " i nivnoto celosno vklucuvanje vo vlasta,kako i sega najnoviot hit amnestija na haskite slucaevi.Promena na Ustavot so koj megju drugoto mnozinskiot makedonski narod e preimnuvan vo etnicka zaednica kako sto se i malcinstvata i da ne nabrojuvam ponatamu.Poseben propust e napraven so prifakanje na imeto PJRM / FYROM / koe vo krajna linija e povod i Grcija da go osporuva imeto na nasata drzava i toj spor trae do denes.!! |
| od Biljana, 06.08.2011 10:12:20 | Obedinuvanje na opoziciata e potrebna.Te podrzuvame.I te ohrabruvame prvo da rascistis so Igor Ivanovski,Mincev,Savova,Stankovic,so vecnata Cveta od Strumica,so Jani,so doktori i poltroni i mnogu kako niv.Da mobiliziras,mladi, verni,vredni i uceni kadri koi gi imas no ne gi gledas vo SDSM.Kadri koi na gorespomenatite mozat proferoi za politika,partija i drzava da im bidat.Togas Grujo samo ke bega i od SDSM i od vlasta.Ne spijaj!Razbudise!! I ke go imas toa sto go posakuvas ti i idnite generacii. |
| vlado, 06.08.2011 10:35:43 | Shto sakate bre luge?
Edno ke vi kazam,samo gledam kako filozofirate i ednote i drugite KAKOV NAROD TAKVA DRZAVA
Dali se prashal nekoj zoshto e taka sigurno mnogu pati.Od ovoj narod shto gleda samo za denes ,nema Drzava? |
| Rezzilov, 06.08.2011 10:41:08 | По повод ова нарачано интервју,второ за месец-два(!),ќе го цитирам еден голем византолог кој забележал зборови кои можат да бидат епитаф за Андроник I,а можат да се однесуваат и на Б.Ц.: “Генијална природа,тој можеше да биде спасител,препородител на исцрпената Византиска царевина(= во случајов Македонија);за тоа му недостасуваше само малку морално чувство.За несреќа,тој тие високи особини ги употребуваше само да ги задоволи с��оите амбиции,своите страсти.Има во душата на Андроник Комнен (=Б.Ц.) нешто од душата на еден Цезар Борџија.“ |
| ivce, 06.08.2011 11:04:24 | kolku da zalis poveke ne te biduva |
| zopoleon, 06.08.2011 11:14:48 | Kolku pati odgovrno tvrdese deka nema da se kandidiras za pretsedatel, odgovorno tvrdes deka ako zagubis na izbori ke se povleces od politika, vistina mnogu si odgovoren. uste kolku pati ke izlazes, i uste se izvinuvas za geskite sto si gi napravil "tvojta tranzicija" odi setaj veke ednas dosaden si veke |
| mark, 06.08.2011 11:32:20 | ete kako i sto ocekuvav se javija ispranite mozoci i kritikuvaat a sto pati im poracav da kazat nesto za AMNESTIJATA nigde gi nemase nee cudo za nekoe vreme da kazat deka BC ja dade e toa e klasicna portokalova bagra kako Gjimi i slicni na nego |
| Od Prijatel, 06.08.2011 11:51:02 | Koj rece oti kriminalot nese isplati ako se sekirase za Narodot negi zatvori site fabriki i tat piramidite ti nikogas ne dojde na vlast so legalni izbori vistina e Narodot vo pravo i koga gresat osven ti pomognimu na Sds odi vo penzija i odgovaraj za zlostvornosta.......... |
| od Stojko, 06.08.2011 11:55:52 | vas ve vidovme i nisto posebno osven za luge kako tetin mi VMROVEC mu dadovte stan za 2ooo marki, i sega pluka po vas, a ovie sega sto se gi glasav 2006 da mi se isusi rakata za nisto ne gi biva bidejki se moi drugari bez rab.iskustvo samo slusaat i se vozvisuvaat so nivniot firer. |
| ivan b, 06.08.2011 12:05:41 | Започнав со читање на интервјуто но кога во првите реченици прочитав дека вмрото сакало предвремени избори...Незнам дали беше потребно ова интервју |
| tomas, 06.08.2011 12:11:01 | Brane,so tebe sme do konecna pobeda nad fasizmot vo Makedonija. |
| Kumanovac, 06.08.2011 12:11:03 | Od tebe Branko covek ne bidnuva!Procitana kniga si,za site kadrovski resenija odlucuva edinstveno eden covek u partija,kakvi 60.000 clenovi,kakvi bakraci,dali mislis deka nekoj seuste ti veruva???U Kumanovo se znae kako se naznacuvaat funkcionerite,samo od Centrala ke se isprati spisok i zavrsena rabota,nema sansi za samostojno odlucuvanje na lokalno nivo,Vie najdobro znaete na kogo da mu doverite fotelja |
| krusevo, 06.08.2011 12:34:38 | Дај ве молам, не бидете смешни, доста со коментарите дека Бранко не чинел и што направил во минатото. Тогташ, на чело со СДСМ бевме држава почитувана во светот, а денес сме карикатура од држава во која полицијата крие убиство на млад човек!!!! Ова е диктатура! И на крај нели Гуевски, големиот „патриот“ ги амнестираше злосторниците кои зацрнија многу македонски семејства!?!?!?! |
| VB, 06.08.2011 12:51:06 | РЕСЕТИРАН не СТАРТИРАН !!! |
| круша, 06.08.2011 12:53:59 | Ne sum partiski opredelen, smetam sekoj ima greski vo vladeewe sto e i normalno mlada drzava sme, nemame iskustvo i tradicija vo samostalnost, no Vas VE POCITUVAM poradi mnogu raboti...iako vo vasata partija treba remont i da se konsultirate malku so gragjanite na teren,,, |
| еснаф турчин, 06.08.2011 13:10:29 | Прв пат се радувам што изгуби. Има разлика од радост за победа на ВМРО и губење на Бранко. Како може да се бранат тие што ја крадат државата (Велија со неплаќање данок), и да се зборува за доброто на истата. Па тоа значи дека за Бранко крадењето е добро а градењето зло. Размислете кого се викнавте за коалиција против Грујо. Тој што се здружува со ѓаволи не може да биде анѓел. Со кого си таков си. |
| Dejan, 06.08.2011 13:18:50 | So mali kozmeticki korekcii vo svoeto neposredno okruzuvanje, vklucuvanje na mladi (30-40 god., a ne deca), ambiciozni, kvalitetni kadrii , so vizija i know how, koi dosega nemale sansa da se afirmiraat na politickata scena, g-dinot Crvenkovski ke uspee na oformi tim i partija kadra da go razvlasti aktuelniov rezim. Veruvam deka SDSM raspolaga so takov kadar, samo treba da mu se ukaze doverba. Pocituvan Pretsedatele, poslusajte i vnesete vo igra uste novi igraci. |
| Jordan, 06.08.2011 13:42:50 | Nepismen narod silna drzava - postoese edna izreka nekogas. Jas bi rekol nepismen narod - nema drzava. So godini slusam deka BC vi ja ukral drzavata. No fakti za toa NEMA. Toj tolku mnogu kradel no tugi majki kupuvaa stanovi vo Skopje ii vo Ceska. Da stanes premier na drzava so deset milioni marki drzavni pari i premier so milijardi vo kasa priznajte ne e isto. Inaku imav moznost vo 97 godina (vo najcrnoto Brankovo vreme) sluzbeno da prestojuvam vo Polska i da se druzam so prestavnici od site postkumunistricki zemji. Za site niv (isklucok se slovencite , hrvatite i srbite) jas se cuvstvuvam kako Bil Gejts. Kade sme sega vo zlatnoto doba na Grujo vo odnos na Cesite, Poljacite, Estoncite, Letoncite, Ungarcite i drugite tranziciski zemji. |
| девичанецот, 06.08.2011 14:16:32 | Многу го гледам човекот се засекирал за Македонија...Ајде барем со еден потез нека го докаже тоа. Нека ја стави пензијата претседателска во мирување!
А фронтот со Минчев, Милчин -кодошот, Игор- намќорот, Наташа...... и да не набројувам, воопшто и да не го прави. Однапред нема никаква поддршка.Денот на изборите мислам беше 5-ти јули 2006 година Македонија треба да го прогласи за државен празник: Ден на ослободување од еквилибристот Бранко Црвенковски! |
| Ljubica, 06.08.2011 14:17:34 | Ве молам, не навредувајте го човеков БЦ, ако не беше тој, како ВМРО-ДПМНЕ со Г-дин. Никола Груевски, шест пати едноподруго ќе ги добиеше изборите.Нам најмногу ни одговара да си биде лидер на СДСМ-овците.Вистината е во тоа што народот памети и незаборава за сторените негови дела. |
| Z R N O V C I, 06.08.2011 14:21:55 | B.C-ti si najgolemata GRESKA na makedonskata politicka scena-svati gotoa veke ednasi trgni se , najveke ke i pomognes na onie sto se neposredno do tebe |
| milko, 06.08.2011 14:43:00 | temata na naslovot nema da ja komentiram bidejki nemozam da vi gi citam mislite no ona sto go izjavivte na alsat mozam bidejki e dokumentirano a toa e deka vo slucaj na poraz se povlekuvate.toa ne se sluci zosto nema koj da ve zameni. a seto toa e deka pravevte privatna partija so vasite provereni pioni.pet izburi i stalno istite luge.dodeka drugite i pokraj toa sto pobeduvaat sepak ja osvezuvaat partijata so novi lica koj nosat novi idei. i mu davaat sansi na drugite a kaj vas istite pak istite -ako sakas da ti nabrojam.
ZA GREOTA-KUTRITEso sila gi drzete |
| dimitar, 06.08.2011 14:46:28 | statijata e procitana do sega 4855 pati ??? znaci vas vmrovcinja patriotcinja predavnicinja brane vi e nokna mora ......ajde ajde se blizi denot.....ke ve izdrzime ... ama Grujo i familijata vo sutka dali ke izdrzat neznam...i ve molam drugpat ne citajte so kazal brane oti nemozite da go razberite tolku vi e pismenosta... |
| Bogomil, 06.08.2011 15:53:56 | Опозицискиот фронт не треба да се препукува со власта преку соопштенија и прес-лакрдии. Нејзината кожа е приказно дебела и отпорна на зборови. Судбината на едно момче беше доволно во Тунис да тргне лавината на незадоволните и успеа да ја елиминира постојната власт. Кај нас беше убиено едно момче, уапсен на најбрутален начин лидер на опозициска партија, друг исто така опозициски лидер е на нишанот на власта за отстрел. Судството е безрбетно, полицијата партизирана. Инспекторите на УЈП се класична казнена експедиција. Журнализмот е во менгемето на политичките и бизнис моќници. Тогашш зошто место атака врз системот, се употребуваат ќорфишеците на пресовите и соопштенијата на портпаролите на опозицискиот табор. Кој како сака може да тактизира, но улицата отсекогаш била вистинскиот мегдан за изборување на идеалите на мнозинството. А кога е загрозена и опстојбата на државата, тогаш нема друга алтернатива, освен активирање на живата сила на фронтот... |
| kocani, 06.08.2011 16:11:49 | Branko te molam samo ti nemoj da ne branis od ovaa vlast, ti imase 1000 sansi da ja napravis i pobogata i posrekna Makedonija no toa ne go napravi vo deveesetite,a sega toa ke go pravis kako penzioner ne fala ti za se. Imas samo dolznost da kazes izvinete Makedonski narode sto ve zamarav i maltretirav 20 godini ja ostavam Makedonija na mladite a jas si odam vo penzija i so moite simpatizeri ke si se sobirame na 4-juli da si spomneme za minatoto!FALA TI BRANKO TESKO NA TOJ NAROD STO KE GO BRANES Ti !! |
| Zare, 06.08.2011 16:17:33 | Бранко,сиромаштијата и неврабтеноста ја направи ТИ,и чисто информативно,невработеноста се намалува за твоја информација.Ајт у пензија доста ти беше |
| b5l2, 06.08.2011 17:16:55 | sosema iskreno i korektno intervju i najsoodveten odgovor na poslednoto prasanje, no, za da go zaprime rezimot na familijata treba da go provetrite kabinetot a so toa i po vertikala i vo opstinskite organizacii bideji seuste im veruvate na informacii sto vi gi isprakaat luge koi se zelni samo za da profitiraat i pri prviot neuspeh begaat kako popareni a takvi ne se mnogu i dajte posveteim vnimanie na vistinskite SDSM oti pak takvite se vo pogolem broj i ako sme vo poodminati godini ne se predavame imame smetki za cistenje |
| skopjanka, 06.08.2011 17:37:57 | Se javija buljuk dpmneovci da plukaat i da si gi chuvaat privilegiite koi im gi dava "Pastirot'' po negova naredba! Zosto tolkava zolchnost kon Crvenkovski , pochituvani "samonarecheni patrioti" ? Vie bre , bi otrebile od ova parche zemja se shto ne misli kako vas ! SIKTER, moze da napishe samo prostak koj eden den ke se udavi vo otrovot shto saka da go frli vrz onoj koj ne misli kako nego .Tolku li ste kusogledi , pa ne gledate deka sechija pogubna politika ( bez razlika od koja vladeachka garnitura da doadja ) , ne zatvara vo "geto" vo koe medjusebno ke se istrebime ! Svestete se dodeka e vreme , zashto stapot ima dva kraja ! |
| Daki, 06.08.2011 20:11:56 | Nema podobar lider ni vo Makedonija pa ni vo regionot. Za zal nardot e zaslepen od mediumskite zavesi na vmrovcinjata ama ke se osvesti nabrzo, stomakot krkori-pari nema, tesko ni se pisuva so vmro na vlast. |
| orde, 06.08.2011 21:55:16 | goprocitav komentarot ,se slozuvam so komentarot.nema sto da dodam imas iskrena podrska, ali kegi komentiram citatelite,onie sto gi procitav ,onij dusobriznici za sdsm. neka pogledat vo svojot dvor vmro.stonapravi nivnijot lider akose tolku golemi patriot,neka komentirat sto napravi grujo, |
| mitko od gabrovo, 06.08.2011 22:25:22 | Baci!Aj dosta rabotese za nase dobro potocno za moe dobro,fala ti no dosta e! |
| mene, 06.08.2011 22:33:29 | Ah bre kutri lugje od vmro,pa i vie neopredelenite,zarem seuste ce dozvoluvate Branko da bide opravduvanje za Grujo? Edno ke vi recam na site. Ne postoi sovrsen covek,nitu sovrsena drzava,nitu partija,ama pametno e da razmislite site za se sto ni se slucuva so ovie na vlast. Zarem se vi e vo red? Zarem Branko vie kriv? Zarem midlite deka nema da bidete sledniot Velija,Fijat,Ljube ili ne se plasite zatoa sto nikoj ne ve smatra za zivi oti nemate ni denar da se brcnete vo dzeb? I Branko vi e kriv za siromastijata sega posle tolku godini i e.... "moznosti" od ovaa reketarska vlada? Sram da vi e iskompleksirani i promaseni lugje sto na site ni ja stavivte pod znak prasanje idninata nam i na nasite deca. Za vasite bas me zabole da prostite. |
| ДО Јордан лажгото, 06.08.2011 22:34:49 | Срам те било лажеш како идолот твој. Таму каде си бил за време фалената Југославија нашите села беа во кал а нивните мали градски населби сите поврзани со патишта и пруги и осветлени со автобуски и железнички сообраќај во секое време со станови обезбедени и со работни места. Само курсот на валути одговараше. Друго се лажеш. Се. |
| realen, 06.08.2011 22:42:22 | vie sto ste nevraboteni veruvajte i dalje vo televizisko serviran reklamen kampanjski americki patriotizam i bajki i segasnive politiki, ama koga ke vi zakrcat creva a nemate skapan denar za eden gevrek , gricnete si od konjite ili lavovite na plostad mozda i cokoladni ke vi napravat.......... |
| citatel, 06.08.2011 22:49:32 | Vakvo intervju ne e sposoben nieden politicar da go dade vo Makedonija.Razbirliv i za sekoj covek vo drzavata.A vie sto ja ..e krastavici i g.... moze i ponatamu.Do B.Crvenkovski gospodine B.C da sum na vase mesto samo bi gledal seir so narodot odstrana uzivajsi i gledajsie familijata dosta napravi za ovaa drzava i ovoj nopak narod ne zasluzuva podobro utre.Nemie jasno kako uste se zanimavaat so vas ovie glupaci.pa ako se pismeni toa sto go napravi ete se trgna od bilo kakva politicka funkcija ,ete vi izjavi i dokaza deka ako dobiese nemase da bide premier ili bilo na kakva funkcija vo vlasta.Ajde braca nie sega da ja gledame segasnava vlast i od nea da barame podobar standard i podobra idnina.Ako go mrazevme gospodinot B.C ete izgubi i netreba vie novinarite i vlasta da se zanimavate so opozicijata,bilo koja da e ajde da ja potiknuvame vladata da barame odgovornost vo negativnoto rabotenje,a pozitivnite raboti se razbira da gi pozdravuvame,no pozitivni ne samo za clenovite na VMRO |
| Vinci, 07.08.2011 00:21:31 | Ocekuvano, Vmroovskata bagra se oglasi na site mozni nacini, bozem rabotite vo Makedonija bez B.C. ke trgnat na podobro, i so samoto toa sto bi go snemalo od politickata scena, Makedonija za niv e veke na pat kon "posvetla" idnina, iako site znaeme,pa i "tie" najgolemite moroni vo svoeto sekojdnevno ziveenje vo koj korsokak sme, bez perspektiva, vo beda i siromastija.E, zatoa Branko kako lider na opozicijata bi ti poracal da gi obedinis site smeli,progresivni,slobodoumni luge, za da se otfrli ovaa tiranija, zasto kolku poveke cekame, tolku poveke gubime.P.S.Nekoj od portokalovite moroni spomna deka se namalila nevrabotenosta, e pa zatoa se triplirala drzavnata partiska administracija, ako voopsto sfaka za sto zboram!! |
| Александар М., 07.08.2011 00:24:38 | Ги читам коментариве и просто човек да не верува. Ајде не ме чуди што некои си дами (веројатно сите до една природни плавуши и со долга коса) како Неопределена,Маја,Кристина, Биљана, се затрескани во човеков па коментираат од таа гледна точка (или народски речено, толку им сече), ама господата као Димитар, Реален,Хари Миле, Марк, Томас, Даки, Златко..... нека ги прочитаат само коментарите на Горан од СДСМ и templar. Секоја чест за двата коментари, поготово за Горан од СДСМ. Е со луѓе како Горан, СДСМ може да се надева на напредок и во партијата и во политиката. Со овај е....в голем допрва ќе тонат и ќе пропаѓаат. |
| srebre, 07.08.2011 00:46:59 | vakov onakov branko sepak e na pet skali povosoko od grujo...vo 90etite bese zivotot mnogu polesen i poeftin so ovoj covek burek bese 4 pati pogolem i cena 20den,participacija vo zdravstvo 20deneri sini bonovi za site nevraboteni,nemse ultre bogatasi,od siromav do bogat razlika bese mala,bolnite ako nemat ne umiraa,hendikepiranite vo demir kapija ne trebaa da placat 8000den mesecno ednostavno moze sekoj da prezivee ete toa e razlikata.............branko ne stana biznismen...bravo brane te sakam od se srce.........iako vo svojot grad vo 1990g prv se zacleniv vo vmro...... |
| Mали Марко, 07.08.2011 09:22:12 | Лажеш Бранче, лажеш. Договараше и тоа како!! Другото е рециклирана храна и тоа за “природни плавуши“ како што вели еден коментар. П.С. Околу лагата - Цитат од парламент: “Бранко изјавуваше (во кампањата 2002) дека нема да се поздрави со терористи, а преку 20 пати се сретна со Али Ахмети и мене во текот на конфликтот“. Предварително, де... |
| Bar, 07.08.2011 09:40:10 | Instrumentalizacija na sudstvito-LENCE SOFRONIEVSKA, sloboda na mediumi-FABRIKA, partizirana administracija-.....ZIVI LUDZE KE JADEME KOGA KE DOJDEME NA VLAST... Za vakva li demokratija mislese Brane??? |
| Горан, 07.08.2011 11:35:08 | Гласав за СДСМ и пак ќе гласам не затоа што ги сакам туку затоа што гласам и секогаш ќе гласам против ДПМНЕ. Бранко мора веќе еднаш да се тргне од СДСМ. Наместо да почека уште малку тој бараше предвремени избори против секоја логика (зар имаше некој што мислеше дека СДСМ може да победи во овој момент?), а сега се прави луд демек не барал избори. Аман веќе тргни се на страна и престани да му "помагаш" на СДСМ. |
| mile, 07.08.2011 11:36:45 | branko ti nemozes da pobegnes od odgovornosta deka ti prv zadade udar na makedonskite nacionalni interesi pravejki vlada so pdp zad grbot na vmro dpmne vo 1992god..ti zaboravas deka stana premier so puc...tebe ne te glasase makedonskiot narod na izbori vo 1990 godina..na izborite vo 1990 godina pobedi vmro dpmne a ti stana premier vo 1992g bez izbori..klasicen puc,klasicno suspendiranje na izbornata volja na makedonskiot narod...bidejki imame kako narod iskustvo so tebe za vetuvanja i davanja prava na albancite samo za da bides vlast nisto ne iznenaduva deka si nudel premier albane..nisto novo kaj tebe dobro te poznavame.... |
| ODNADVOR, 07.08.2011 11:40:20 | Srekja e sto postoi zaborav, za da se prezivuvaat golemite zivotni bolki. No losata strana na zaboravot e sto, povekepati povtorena laga koja ni go pere mozokot, postanuva"vistina"! Ziveame vo stranstvo i
dovagjam za izbori vo Mk.Glasam po ubeduvanje ne za inaet, iako mozebi nekogas i gresime. Intervjuto so Crvenkovski e prekrasna slika na zbivanjat vo zemjava kako i visokoto nivo na BC i nacinot na koj toa ni go kaza i samiot se prestavi. Dovolno e, DOBRO da se preprocitaat odgovorite na 2-to, 3-to,pa i drugite prasanja.Vo nim e iskazana seta mudrost na Drzavnikot, negovite idei, svakjanja i viduvanje za idninata. Zalno e kako narodot im podlegna na spin doktorite;dod ako ne gi zaboravime zamkite so"spisocite"! Kriticarite neka samo se setat dekaBC iako mlad, pomognat od iskusniot Gligorov ,napravi drzava, vo koja nemase nasledeno pari. Ja pomina niz najtrnovitiot pat po osamostojuvanjeto,ja donese do vrata na EU i im ostavi devizen kapital koj ovie go trosat bezdusno! Kade vo |
| Македонец, 07.08.2011 12:03:22 | Господине Црвенковски вие сте единствениот кој што може да го обедини овој народ против овој диктаторски режим. Само напред |
|
|
|
|
|
29.03.2010, 15:02
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 24°C
Делумно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 19°C, Мин: 7°C
|
Среда
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
|