Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.03.2012, 17:13

Најбогатиот човек во светот доаѓа во Македонија

Карлос Слим ќе престојува на ИТ конференција во Охрид, по лична покана на министерот Иво Ивановски

Најбогатиот човек во светот, Мексиканецот Карлос Слим, доаѓа во Македонија. Милијардерот Слим ќе учествува на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, формирана од Меѓународната телекомуникациска заедница и УНЕСКО, со која претседава токму Слим. Конференција ќе се одржи од 31 март до 2 април во Охрид , а освен него, на собирот за информациски технологии, во земјава ќе дојдат и нејзиниот копретседавач - претседателот на Руанда Пол Кагаме, како и комисиските членови, меѓу кои и извршните директори на најголемите светски компании кои се двигатели на информатичкото општество, како „Интел“ „Ериксон“, „Телефоника“, „Циско“, „Алкател лусент“, „Хуавеј“ и многу други.

Слим ќе пристигне во земјава со неговиот приватен авион и засега нема поставено посебни барања околу неговиот престој. Тој доаѓа на лична покана на министерот Иво Ивановски, со кого лично се познава и веќе неколкупати се среќавале. Неодамна ручале заедно во Њујорк кога министерот и го повикал Слим да присуствува на конференцијата во Охрид. Конференции од овој тип се одржуваат два пати годишно, информираат од Министерството за информатичко општество, најчесто во Њујорк, Женева или во Париз, а прв пат ваква конференција ќе се одржи во Македонија.

Најбогатиот човек на светот во Охрид ќе престојува три дена, за целото времетраење на конференцијата, но нема познати детали во кој хотел ќе отседне, ниту пак дали во агендата му е вклучено разгледување на убавините на Охрид. Познато е дека во текот на престојот ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски. Покрај Слим во Охрид доаѓаат и претседателот на Руанда, а за првпат ќе дојде и член од австралиската влада.

Според магазинот „Форбс“, Слим е најбогат човек на светот, трета година по ред, а неговото богатство е проценето на 69 милијарди долари. Тој своето богатство го стекна во секторот на телекомуникациите, трговијата, финансиите, суровините и енергетиката. Мексиканскиот бизнис-магнат и филантроп е претседател и главен извршен директор на телекомуникациските компании „Телмекс“ и „Америка Мовил“ и има огромни имоти во други мексикански компании преку својот конгломерат, „Групо Карсо САБ“, како и бизнис-интереси на друго место во светот. Седумдесетидвегодишниот Слим сега работи и во секторот на малопродажба, финансиите, суровините и енергетиката. Во последните години мексиканскиот магнат купи големи удели во странски компании како што е синџирот на стоковни куќи „Сакс“ и издавачот „Њујорк тајмс“.

Слим е роден во Мексико Сити, во 1940 година, од христијански родители Џулијан Слим Хадад и Линда Хели, и двајцата со либанско потекло.

Градежништво, недвижности и рударството биле во фокусот на интересот за бизнис на почетоците на Слим. Во 1990 година тој влегува во концерн со „Францускиот телеком“ со цел купување на компанијата за фиксна телефонија „Телмекс“ од мексиканската влада. Од 2006 година, 90 проценти на телефонските линии во Мексико се управувани од страна „Телмекс“, додека неговата компанија за мобилна телефонија „Телцел“ покрива речиси осумдесет проценти од сите мобилни телефони на земјата. Во 1999 Слим го шири својот бизнис надвор од Латинска Америка со формирање на „Телмекс САД“ и со купување акции во „Тракфоне“, американска компанија за мобилна телефонија. Тој има удели во повеќе компании за мобилна телефонија надвор од Мексико, вклучувајќи ги и бразилската АТЛ и „Телеком Америка“, „Тектел“ во Аргентина, и други во Гватемала и Еквадор. Слим инвестирал и во телекомуникациски компании во Колумбија, Никарагва, Перу, Чиле, Хондурас и Ел Салвадор.

Во 1986 година ја формира фондација „Карлос Слим“, а во 1995 година е основана фондација „Телмекс“, со широк опсег на филантропска основа. Во 2007 година Слим објави дека во фондациите вложил 4 милијарди долари, кои се наменети за здравството, спортот и образованието. Слим е заменик-претседател на мексиканската берза и претседател на мексиканското Здружение на брокерски куќи.

Слим беше во брак со Сумнаја Домит од 1967 до нејзината смрт во 1999 година. Тие имаат шест деца, Карлос, Марко Антонио, Патрик, Сумнаја, Ванеса и Јохана. (С.Н. - С.М.)


Статијата е прочитана 2798 пати.

Испрати коментар



Српски убиец со години живеел во Охрид под лажен идентитет
Штипјани грабнале 17-годишна девојка
Откажана изградба на „Белене“
Во турски хеликоптер загинаа 16лица
Косово не сака фуснота
Да се урнат сите цркви на Арапскиот Полуостров
Пораст на проституцијата во Атина
Маскирани лица нападнале старец во неговата куќа во штипското село Драгоево
Куќата на Словенец продадена поради неплатени сметки во износ од 124 евра
Трајановски: Скопје ќе биде поделен на квартови и блокови
Отпуштенби сто чиновници во грчкото министерство за развој
Во Охрид уапсен српски државјанин, баран по потерница од Интерпол
Северна Кореја ќе истрела сателит
Одземени возила кои вршеле јавен превоз без дозволи
Шок во семејството на македонскиот Швајцарец
Кривични пријави за тројца предизвикувачи на инцидентoт во автобусот бр. 65 на ЈСП
Попоски – Хаџинасто
Црногорскиот претседател Вујановиќ во посета на Македонија
Лани 6.000 поплаки од потрошувачи
Куршуми најдени крај река
Кој е Македонецот што дивееше во Базел
Венизелос моли да го изгласаат
Карзаи
И Ѕинго со тужба против Бошкоски
Ахмети - Дијалогот всушност е започнување на преговорите со ЕУ
Телата на загинатите деца се враќаат во Белгија
Претседателката на кривичен Неделковска се сели во Врховен
Дијалогот е мост кон пристапните преговори со ЕУ
Десетина насилници претепаа момче
Во сообраќајка кај Пехчево загина едно лице
Компанијата „Бенетон“ гради текстилен центар во Ниш
Иднината на Македонија е во ЕУ, реформите да продолжат
Воjникот што уби 16 цивили во Авганистан префрлен во Кувајт
ОМД ја поздрави Резолуцијата на ЕП за Македонија
Кавадарци ќе донира за изградба на црквата „Св. Петка“
Филе
Скопје и Атина се притискаат да најдат решение за името
Почнува пристапниот дијалог на високо ниво Македонија - ЕУ
Струја удри дете во училишен двор



Кичево-читател, 16.03.2012 18:49:00
Доколку навистина доаѓа кај нас најбогатиот човек во светот, браво за Иво Иваноски министерот за информатичко општество. Тој треба под хитно да биде вицепремиер за странски инвестиции, бидејќи човеков со својот авторитет и пријателство успеал да го убеди најбогатиот на светов господин Карлос Слим да ја посети Македонија, е тоа не е мала работа. Такво нешто не успееа да направат ни Ташковиќ, ни Самак, ни сегашните-актуелни вицепремиери. Не сум му ништо на Иваноски и ова не го пишувам пристрасно-навивачки, едноставно тоа го кажувам од душата. Уште еднаш големо БРАВО!!! за Иваноски.
mitre, 16.03.2012 20:05:12
Ама има да се лигават околу него........... ќе ми се бољват.............
bivshi struzanec, 16.03.2012 23:47:19
Evo ti prilika Gwujo za investicii. Zemaj si go zaraka Slimot(ama bajgi e debel)i I pravo Bunardzik. Samo pazite dan se sopnite I padnite vbunar so se nego
NAKE TUFEKCIEV, 17.03.2012 03:46:45
SEGA NAJSIROMASNITE SO MIRNA DUSA MOZE DA SI ZAMINAT
Ivan, 17.03.2012 04:32:54
UDBa odma da go uapsi i vo zandani! I mora da se izvini na Grujo, che ima poveche pari ot nego!
od ostrijot, 17.03.2012 09:21:19
ako vladata go kani najbogatijot covek na svetot tuka ima nesto mozebi sakat damugo prodadat ohridskoto ezero ili kepravat nekoj drug majmanluk.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |