16.03.2012, 16:49 Штипјани грабнале 17-годишна девојка
Тројца штипјани киднапирале 17-годишна девојка. Како што соопшти полицијата, тинејџерката завчера пријавила дека на 17 февруари околу 8,15 часот на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип била пресретната од С.Ѓ. (23), Д.Ј. (20) и Е.Д. (20), кои насилно ја внеле во автомобил.
„Откако и' ги врзале рацете, со шприц и' ставиле непозната течност во рака и во нога, насилно ја исфрлиле од возилото и паднала во бессознание“, информираат од полицијата.
Девојката била пренесена на лекување во клиничките центри во Штип и во Скопје. Полицијата отвори истрага и го расчистува случајот. |