Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
15.03.2012, 10:52
Почнува пристапниот дијалог на високо ниво Македонија - ЕУ



Тимовите ќе ги предводат Премиерот Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе кои треба да ги отворат поглавјата 23 и 24 што се однесуваат на судството, администрацијата, медиумите и борбата против корупција

Република Македонија и Европската унија денеска во Скопје го почнуваат дијалогот на високо ниво со кој треба да им се даде нов импулс на реформите на патот на евроинтеграцијата на земјата.

Тимовите ќе ги предводат претседателот на Владата Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе кои треба да ги отворат поглавјата 23 и 24 што се однесуваат на судството, администрацијата, медиумите, борбата против корупцијата и функционалната пазарна економија. Се очекува во разговорите заеднички да биде утврден акциски план со конкретни цели, активности и рокови, како и тела кои ќе бидат задолжени за нивно спроведување во петте посочени клучни области.

Според официјален Брисел, пристапниот дијалог на високо ниво не претставува замена за пристапните преговори ��уку има за цел да ја зајакне соработката меѓу ЕК и Владата на планот на реформите.

- Нашата цел е да го поддржиме процесот на реформи, да внесеме нова динамика во него и да ги поттикнеме европските перспективи на земјата, изјави еврокомесарот Филе вчера пред зминувањето за Скопје од Стразбур каде што присуствуваше на пленарната дебата на Европараламентот за извештајот за напредокот на Македонија.

Вицепремиерот за европски интеграции Теута Арифи, вчера по средбата со новоименуваниот амбасадор на ЕУ во Македонија Аиво Орав оцени оти дијалогот од овој вид отвора нова страница во односите меѓу Република Македонија и Унијата и дава можност за унапредување на реформскиот процес во рамки на евроинтеграциите.

Амбасадорот Орав од своја страна истакна дека пристапниот дијалог на виско ниво е уникатна можност која очекува земјата максимално да ја искористи бидејќи евроинтеграцијата на Македонија е важна и за ЕУ.

Пристапниот дијалог Брисел ќе го води паралелно со скринингот за Црна Гора, така што она што ќе го работи Македонија во наредниот период не се разликува од формален скрининг, кој следува по добивање датум за преговори.

Според извори на ЕУ, исполнувањето на задачите и испораката на добри резултати на Брисел во рамки на дијалогот за Македонија ќе значи подобрување на позицијата на државата. Тоа, велат, на ЕК ќе и даде дополнителни аргументи на самитот во декември да побара деблокада на македонската евроинтеграција. Се оценува дека, дијалог од овој вид е најдобро решение во моментов со оглед дека земјата од 2005 година е со кандидатски статус, а три години по ред добива препораки од ЕК и од Европарламентот за старт на пристапните преговори, но не и датум за нивно почнување. Пречка за консезус по ова прашање и натаму останува блокадата од Грција поради спорот за името.

Еврокомесарот Филе покрај со премиерот Груевски денеска во Скопје ќе се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Теута Арифи, а ќе разговара и со претставници на опозицијата и на граѓанското општество.







Статијата е прочитана 321 пати.

Испрати коментар



Најбогатиот човек во светот доаѓа во Македонија
Српски убиец со години живеел во Охрид под лажен идентитет
Штипјани грабнале 17-годишна девојка
Откажана изградба на „Белене“
Во турски хеликоптер загинаа 16лица
Косово не сака фуснота
Да се урнат сите цркви на Арапскиот Полуостров
Пораст на проституцијата во Атина
Маскирани лица нападнале старец во неговата куќа во штипското село Драгоево
Куќата на Словенец продадена поради неплатени сметки во износ од 124 евра
Трајановски: Скопје ќе биде поделен на квартови и блокови
Отпуштенби сто чиновници во грчкото министерство за развој
Во Охрид уапсен српски државјанин, баран по потерница од Интерпол
Северна Кореја ќе истрела сателит
Одземени возила кои вршеле јавен превоз без дозволи
Шок во семејството на македонскиот Швајцарец
Кривични пријави за тројца предизвикувачи на инцидентoт во автобусот бр. 65 на ЈСП
Попоски – Хаџинасто
Црногорскиот претседател Вујановиќ во посета на Македонија
Лани 6.000 поплаки од потрошувачи
Куршуми најдени крај река
Кој е Македонецот што дивееше во Базел
Венизелос моли да го изгласаат
Карзаи
И Ѕинго со тужба против Бошкоски
Ахмети - Дијалогот всушност е започнување на преговорите со ЕУ
Телата на загинатите деца се враќаат во Белгија
Претседателката на кривичен Неделковска се сели во Врховен
Дијалогот е мост кон пристапните преговори со ЕУ
Десетина насилници претепаа момче
Во сообраќајка кај Пехчево загина едно лице
Компанијата „Бенетон“ гради текстилен центар во Ниш
Иднината на Македонија е во ЕУ, реформите да продолжат
Воjникот што уби 16 цивили во Авганистан префрлен во Кувајт
ОМД ја поздрави Резолуцијата на ЕП за Македонија
Кавадарци ќе донира за изградба на црквата „Св. Петка“
Филе
Скопје и Атина се притискаат да најдат решение за името
Струја удри дете во училишен двор

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Делумно облачно

Сабота
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |