16.03.2012, 16:45 Откажана изградба на „Белене“
СофиЈа - Бугарија ќе се откаже од новата нуклеарна централа на Дунав, со сила од 2.000 мегавати, за чија изградба е ангажирана руската државна компанија „Атомстрој експорт“, изјави вчера бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Тој наведе дека минатиот месец испратил бугарски министри да му пренесат на руските претставници дека Бугарија нема да ја изгради централата „Белене“, но оти ќе биде исплатен едниот, веќе изградениот реактор со сила од 1.000 мегавати. |