15.03.2012, 17:18 „Ветија и го уништија Велија!“
Сопругата на сопственикот на А1, Мазес Рамковска, еден ден по пресудата зборува за проблемите низ кои поминува нејзиното семејство
Даниела Трпчевска
„Уште пред да се отвори судскио�� процес слушнавме муабети дека ’ќе го уништат Велија до просјачки стап’. И ете тоа се случи. А сите знаеме зошто - оти се чувствуваа загорозени од него. Велија знаеше каде не' води оваа власт“. Со овие зборови Мазес Рамковска, сопруга на сопственикот на поранешната телевизија „А1“, Велија Рамковски, ја дочека пресудата за нејзиниот сопруг, ќерката, синот, нејзиниот брат и деверот.
Еден ден по пресудата таа делува на моменти потиштено, за веќе следниот миг нејзиниот глас да добие смирена нота, со доза на борбеност и не помирување со ситуацијата.
Во семејната куќа на Рамковски во скопско Нерези се собрани сите. Мазес која по притворањето на сопругот ја презеде улогата на најцврста во фамилијата се грижи за трите деца на нејзината ќерка Емел, која веќе година и пол е во притвор во затворот „Скопје“. Најстариот внук има 18 години, помалата внука осум, додека најмалото дете само четири години. На него, вели, и' е најтешко да му се објасни каде е неговата мајка, која долго е отсутна од семејниот дом. Покрај Мазес е и нејзината друга ќерка Лејла, која заедно со мајка си не ги пропушташе судските рочишта за случајот „Пајажина“.
„Не очекуваме повеќе ништо. Тоа што се случи вчера беше страшно. Како што и Велија кажа во судот, тој беше осуден одамна. Ова беше едно сценарио, театар. Обвинението како што беше поднесено, така беше префрлено кај судиите, не се измени ништо за време на процесот. Адвокатите немаа никаква улога во одбраната на случајот. Судењето беше само фарса“, вели сопругата на Рамковски, еден ден по пресудата.
Сопственикот на некогашната медиумска империја и неговата обвинета ќерка со која заедо беа во притвор, со смиреност и насмевка ја сослушаа одлуката на судот, со која им пропаднаа сите шанси дека наскоро ќе излезат на слобода. Со одлука на судот, Велија Рамковски го очекува издржување на 13 години затворска казна, додека неговата ќерка Емел и братот Амди ќе треба да одлежат по шест години зад решетките. Затвор му се заканува и на синот на Велија, Хеди Рамковски кој повеќе од една година е во бегство. Осумнаесетмината се осудени на вкупна затворска казна од 109 години поради злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и дела, потоа за злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или повластување доверители.
Со грч на лицето, но без да изразат гласен револт, фамилијата на Рамковски, неговите пријатели и родини завчера пред кривичниот суд цел час ја чекаа одлуката. И по изрекувањето на затворските казни тие продолжија да стојат пред Основниот суд Скопје 1, иако се' веќе беше завршено.
„Ние се држиме цврсто, бидејќи знаевме кон што оди ова, сиот овој процес. Само за ќерка ми се надевав дека ќе има помала казна, за да биде барем со децата. Но, се покажа дека никој нема ниту трошка човечност. Никој не мисли на последиците кои што ќе ги предизвикаат во едно семејство“, вели Мазес Рамковска, објаснувајќи од каде и е силата за да ги издржи овие тешки моменти низ кои поминува нејзиното семејство.
Таа со тешкотија зборува за изминатиот период, откако нејзините најблиски - столбот на фамилијата и нејзините две деца се далеку од семејниот дом.
„Изминатава година ми помина на пат меѓу судот и затворот во Шутка. Немам зборови што да кажам, незнам што повеќе би можела да речам после пресудата“, вели таа издишувајќи со тешкотија.
Во изминатиов период, додека семејството и' се наоѓаше во затворот „Скопје“, таа на секои две недели можела да ги посетува и да разговара со нив. Во затворот често останувала и по неколку часа, за да се види поединечно со сопругот, братот и со ќерката.
Последен пат сопругот го прегрнала во март минатата година, на почетокот на судењето, кога емотивната средба меѓу двајцата сопружници беше фатена и од камерите. Во еден момент по прекинот на рочиштето, Мазес притрча и го прегрна сопругот, што беше проследено со аплауз од присутните во судницата.
Со синот Хеди, пак, таа тврди дека не се видела веќе година и пол. Стравувајќи за неговата безбедност, Мазес Рамковска вели дека нема никаков контакт ниту абер како е тој, од моментот кога станал бегалец. На Хеди Рамковски му се заканува затворска казна од седум години, доколку биде пронајден. Претпоставките се дека заминал надвор од земјава. Засега не се знае каде е неговото скривалиште. По него е се' уште активна потерницата на полицијата.
„Не знам каде е, ниту сакам да имам контакт со него. Нека е само жив и здрав, подготвена сум и цел живот да не го видам, само да знам дека е безбеден и добар“, в��ли Рамковска.
Ако досега секојдневната маршрута и била до судот, а потоа до затворот во Шуто Оризари, сега ќе зачестат нејзините посети на најголемиот затвор во земјава - Идризово. Мазес е загрижена за здравјето на ќерка си која добила астма и добива лекарски третман во затворот.
„Велија е добро, фала му на бога“, вели таа и продолжува: „Ние цело едно семејство сме жртви. Мораа да го тргнат Велија, а тоа можеа да го направат само ако го прогласат за криминалец. Кога ќерка ми ја осудија со мали деца, со едно такво обвинување - нека им е на чест. Педофил кој што со години силувал деца, некој ќе убие човек, па ќе добие помала казна. А овие? Какви дела направиле за да добијат вакви казни?
Една и пол година по отворањето на случајот „Пајажина“, на семејството му се заканува финансиски крах. По затворањето на една од најмоќните телевизии „А1“, на весниците „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“, како и на многубројните фирми на „Перо Наков“ на кои им беше ставен катанец од Управата за јавни приходи, доведена е во прашање егзистенцијата на семејството Рамковски.
Дополнителен проблем се и судските трошоци, но и барањето на правдата пред странските судови, од која нема да се откажат. Од самиот старт на процесот, Рамковски и неговата ќерка ги застапува адвокатот Мирослав Вуиќ, кој поради неговите приговори и спротиставувања беше отстранет од тимот бранители. Во меѓувреме судот им одреди и адвокати по службена должност, но тие никогаш не беа прифатени од обвинетите.
„Им благодарам на адвокатите кои што и емотивно се влезени во случајот, така што не го поставуваат воопшто прашањето за плаќање на услугите. Ние одамна имаме одлучено, уште првите месеци од приведувањето дека ќе тужиме пред странските судови и ќе бараме правда во Стразбур. Се уште не сме разговарале кој ќе не' застапува, но најверојанто нема да ангажираме нови адвокати“, вели Мазес. Сега кога процесот за „Пајажина“ е затворен, сопругата на Велија Рамковски, посакува само здравјето да ги служи.
„Други надежи и очекувања немаме. Нема мир додека најблиските се во затвор“, вели таа. |
|
Статијата е прочитана 11235 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Hari, 16.03.2012 00:05:26 | Mora da izdrzi familijata Ramkovski bidejki naskoro mora da padne ovaa fasisticka Vlada, no otstetata koja ke ja dobie Velija ke ja placa narodot pa duri i onie od dpmne koi sega se sitat na ovoj linc. Presuda bez dokazi , edinstveno kazna za obelodenuvanjeto na reklami od 5 milioni evra drzavni pari na A1 za dpmne. |
| sando makedonac, 16.03.2012 01:02:34 | Velija da ne e vinoven ne veruvam ima nešto bogatstvo golemo za kratko vreme e sumlivo kade se Kariči od srbija i nivnata imperija propadna na vreme pobegna od pravdata na sudot |
| USA, 16.03.2012 01:37:40 | Nesudeniot premier e osuden. |
| Melburn, 16.03.2012 03:27:26 | Gospogo Ramkovska vasiot soprug ja opljacka pola Makedonija dali se pravite ili navistina neznaevte deka ziveevte so kriminalec.So neplakanjeto na danokot sprema drzavata vasiot soprug go plackase Makedonskiot narod.Toa zlodelo ako go napravese ovde vo Avstralija ke go osudea na 25 god. i ke vi soberea se sto imaavte.mnogu niska presuda za takov kriminal.Nedajboze da bev na vase mesto ke izbegav od sram a ne javno da komentiram i da ja kritikuvam vladata.Drzavata treba da se ceni i da se pocituvaat zakonite za da se cekori napred vo posvetla idnina.Pozdrav! |
| sydney, 16.03.2012 06:16:59 | A dali vie vo utrinski vesnik veruvate deka se nevini? |
| Сега дознавте зошто Мики Вујиќ се вика МАКСИ!!!, 16.03.2012 07:29:16 | Знаете ли зошто ник-наме на Мики Вујиќ е МАКСИ? Затоа што секој клиент застапуван од него добил МАКСИМАЛНА МОЖНА КАЗНА!!! Зарем не ви беше јасно дека со Вујиќ Макси и со онаа залижана квазиадвокатска фаца од Штип можете да добиете само максимумиња? Каде бе со овие адвокати кадеееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее, Кротев и Мики Лее да ги земевте за застапници. боље ќе поминевте, само ова е силата на ВМРО, сакаат да кажат-правиме што сакаме и вие ништо тука не можете, седете и ќутете оти и вие сте следните! Па Осама бин Ладен доби помала казна од Велија за нападите од најн елевен, ејјјјј!!! |
| Лаги и паралаги, 16.03.2012 07:51:34 | Вистината секогаш боли особено кога не ти одговара !! А ете ја неа во колумната на Е.Р. токму во вашиот весник !!! Прочитајте и ја !!! |
| Alek®, 16.03.2012 07:53:48 | Ако е за некаква утеха на правдољубивите и за жал на мизерните пишувачи од штабовите на власта, постојат луѓе кои нема да се исплашат од нивните нацистички методи на владеење. Никогаш. Ама НИКОГАШ! |
| pavle, 16.03.2012 08:15:44 | Рамковски,издржете,ќе им дојде крајот на овие ПРОБУГАРИ И ВАНЧОМИХАЈЛОВИСТИ,но и на многумина што ги поддржуваат и што гласаат за нив.За мене повиновни се оние слепци и продадени души кои гласно ги поддржуваат,иако знаат дека се фашизоидни ,дека се лихвари и дека ниту биле ниту ќе бидат за народот.Оваа држава не ја направија тие,туку ја направија ПАРТИЗАНИТЕ И КОМУНИСТИТЕ од кои многумина беа убиени и поткажани токму од нивните пробугарски предци.Тие дојдоа за да ја уништат оваа држава и да не припојат кон нивната МАЈКА БЛГАРИЈА,со што ќе го остварат сонот на нивните идоли ВАНЧО МИХАЈЛОВ,ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ,ХРИСТО МАТОВ,ИВАН ГАРВАНОВ и многу други бугарски продадени души |
| Даница, 16.03.2012 08:45:04 | Што си дробеле, тоа не сркаат
|
| Albatros, 16.03.2012 08:48:12 | Сега знае госпоѓата како се чувствуваа сопругите на со години мамените деловни партнери на Велија.
Никој не им е виновен, освен самите на себе. Секое криминогено однесување е казниво. Велија и фамилијата не се исклучени.
Может да се претставуваат како жертви колку што сакаат. Секој кој барем еднаш се изгорел од дво-деценискиот криминал на Велија, знаат дека се работи за криминалец.
Наградното прашање гласи: зошто досега беше толериран? |
| Leonid, 16.03.2012 08:58:06 | Е тоа се случува кога пиљар ќе се амбицира да биде нешто повеќе. Велија е криминалец кој што долго време успеваше благодарение на А1 да и бега на правдата. Сите што напаправиле економски криминал во оваа држава, независно од вера, нација и политичка припадност треба да бидат осудени, само така се прави правна држава. |
| генерал миди, 16.03.2012 09:03:05 | А1 ќе заживее пак. А кога ќе се смени власта ќе се случи рокада во затворите. Овие што сега добија казни поголеми и од повеќекратни убијци ќе излезат, за да влезат тие што им го подготвија овој линч. Потребно е само мало трпение и се ќе си дојде на свое место. |
| igor, 16.03.2012 09:17:55 | mizerna i diktatorska vlada! |
| Pravda, 16.03.2012 09:27:35 | Pravdata e bavna no sigurna e toa , sto ne i tekne ova na Mazes koga gi kradea parite koga zatajuvaa danok koga napravija dolg od 35 milioni evra, koga loveckata kuka na loveckiot sojuz si na japravija vo hacienda i togas i bese ubavo neli koga pravea smoki do studijata na A1 TV, toa sto si seel toa ke si znees, |
| Молба, 16.03.2012 09:29:45 | Го молам „сандо македонац“ да го научи македонскиот јазик.За писменоста да не зборуваме: сумливо-сомнително,Каричи-Кариќи,србија-Србија.Читај,човеку,не пишувај,уште не си дораснал за таа работа. |
| Од Македонска Каменица, 16.03.2012 09:42:59 | Дали Велија и компанија имаа трошка човечност кога крадеа , переа пари , затајуваа данок , исплатуваа на црно ?? каква човечност барате?? Сваќам дека им е тешко на фамилијата , но заради 5.000.000,- што украле им е тешко на 500 фамилии (толку фамилии ќе зњемаат плата од јавни проекти 1 година) |
| Gargamel, 16.03.2012 09:44:15 | Familijata Ramkovski igrajki si so ognot se opece,no sepak ima i ke ima zasto Hedi sekako ima od kade i kako da gi poddrzuva finansijski,sto dobro go znae i gospogjata Mazes.Jas licno zalam za se sto im se sluci na A1,vesnicite,vrabotenite,familijata Ramkovski,no deka postoi kriminal ne moze da se poreknuva.Fakt e deka sistemot vo koj se stvori imperijata Ramkovski donese do ruiniranje na pravosudstvoto,partizacija na instituciite,nisko nivo na moral,etika,dobles,profesionalnost,nepotizam.Kadri -nekadri zastanaa vo odbrana na rezimot so svoi moznosti,metodi,znaenje i moral.A sto li se ke vidime da sme zivi i zdravi.Taka znae Petko,taka plasi deca. |
| Баба Ката од Секулицу, 16.03.2012 09:45:11 | Госпоѓо и на вра душман не сакам да му се случи она што се случува на Вас и вашата фамилија.Само сакам да Ве потсетам на онаа народната:на никого не му горела свеќата до сабајле! |
| kate08, 16.03.2012 10:23:24 | Koj sto si zasluzil,si dobil ,vreme bese i vo Makedonija da se sprovede nekoj red. Sramota za Mazes sto se glupira pred mediumite . |
| pile, 16.03.2012 10:37:56 | G.Hari,a zosto da gi plakaat obestetuvanjata od drzjavata gragjanite.Postoi Zakon za obligacioni odnosi.Postoi i Pravobranitelstvo koe treba da ja locira odgovornosta na funkcionerot koj vo povekestepenata Ustavna postapka go branel protivzakonitiot akt ili dejstvie.Dokolku politickata partija se solidarizira so nivniot pripadnik-funkcioner,partijata koja rakovodi so resorot neka ja nadomesti stetata, zosto gragjanite.Kako mozje policaec da plakja osteta za prekumerna upotreba na sredstva za prisilba pri izvrsuvanje na rabotni zadaci a vo vakvi slucai velite gragjanite.Gradonacalnikot na Opstina Karpos ima oddrzjliv predlog za Ustavni izmeni vo taa nasoka.Tuku, vo pravniot sistem vo R.Makedonija zjivotot na poedinecot vredi do 40 000 Evra i nekoj spomenik,kako na branitelite od 2001 godina,dodeka citame za isplata za nad 10 000 Evra za pretrpen stres na patnik na brodot Konkordija, ili po 220 000 Evra za izguben zjivot na patnicite vo nesrekata so avtobusot vo Svajcarija. |
| jovan, vlada @, 16.03.2012 10:51:49 | Класичен пример како човек поради својата умисленост дека е најголемиот и најпаметниот во Макдеонија си пресуди сам со неговото неконтролирано богатење за кратко време од Пиљар стана Тајкун! Алоооооооооо, ова треба да биде за сите пример како алчноста го прави човекот глуп и роб на парите и како сево ова може да те удри у глава и да ти го помати паметот! |
| Pero, 16.03.2012 10:54:03 | Мислам дека ретко кој во државава верува дека Велија бил чист. Сите знаеја како функционираат работите (упте од времето кога со кредитот за развој на медиуми купи пилиња) па се до неговиот крај.
Но исто така на сите им е јасно дека иако Велија навистина е крив, ова што се приреди и пресудата која се досуди е шоу.
Да, Велија треба да оди во затвор ама мислам дека 13 години е премногу. |
| stevo, 16.03.2012 11:10:02 | Do gospodinot Melburn.Gospodine kako vie mozete da go pocustvuvate nasiot zivot od dalecina?kako mozete da sudite za nesta koi ne ve zasegaat po vasiot zivot i vasiot paricnik?Ve molam da se vratite ovde da ziveete pa potoa da sudite za bilo koj.
Od daleku i so poln paricnik lesno e da ze zboruva. |
| slave, 16.03.2012 11:33:55 | најмалото дете само четири години. На него, вели, и е најтешко да му се објасни каде е неговата мајка, која долго е отсутна од семејниот дом. jas bi mu objasnil vpo zatvor, kade sto se odgovara za pronevara na pari! |
| Istocna Makedonija, 16.03.2012 11:35:09 | Nadvor od komentiranje na validnosta na odluki na ingeretnite sudski organi,sepak bas taka,ne im e lesno na semejstvoto Ramkovski.Ako ovaa
,,imperijae srusena,a drugi i takvi nema,togas
nie sme si go resile problemot i patot kon evrop-
ska prosperitetna Makedonija e sirum otvoren!
No,dali e taka?!Da bideme zivi i zdravi,vo nekoi
idni epohi,drugi imperii debelo ke bidat staveni
vo ,,objektiv! |
| Do: Melburn, 16.03.2012 11:58:35 | A kolku vo Avstralija ke gi osudea onie sto ukradoa 200 ili 300 MILIONI EVRA?
Samo sum ljubopiten... |
| До некои коментатори, 16.03.2012 12:33:21 | Прашање за коментаторите кои навиваат да се замени оваа власт со тврдење “Рамковски да издржи до тогаш“: - Зарем судовите тогаш ќе бидат независни или под притисок на тогашната власт?Како мислите власта,а не судот да ја менува одлуката?Што ќе речат нашите “пријатели“ од ЕУ?Значи ли тоа дека вие сте убедени во зборовите на б.ц. кога изјави дека било“ доволно само премиерот да свртти на еден телефон“?А каде е правната држава со која ви е полна устата? |
| od citatel vo usa, 16.03.2012 12:33:43 | do sidney i melbyrn izvadetegi portkalovite naocari sto gi kypivte od flimarket i resetesi so vasijo omilen vladika petar ve sydi za za milioni dolari pa posle berete gajle za ramkovski od takvi patrioti kako vas makedonija propaga a vie od dyploto prtokalovo staklo staklo ne gledate |
| mene, 16.03.2012 13:03:23 | Pa luge presudata bese jasna uste pred da pocne sudenjeto toa ti e toa koga ne si istomislenik so grujo i kompanija. |
| ekrem, 16.03.2012 13:08:05 | Ma, daj bre zzeno ne go zamlatuvaj ovoj ccesen narod !!! |
| melbourne, 16.03.2012 13:12:28 | Melburn e mnogu pismen covek, se gleda od daleku.Ode vo Australia ako nekoj ne plati danok ATO,ili tax department,raboti so tie sto ne platile danok,odnosno gi primoruva na nivni nacin da gi platat tie sredstva za nekolku godini(zavisno od sumata koja ja dolzat),megutoa nikogas na nastojuvaat da zatvorat firma(kompanija),zosto ATO nema da dobijat nitu eden dolar,a da ne zboruvame za vrabotenite koi bi bile otpusteni i bi bile na teret na drzavata.A koga Velija ke dobija otsteta,normalno deka (vladata)drzavata ke go plati toa(danocnite obvrznici,a toa se graganite na R.MAKEDONIA). |
| toni, 16.03.2012 13:21:26 | ne navlagam vo toa dali e kriv ili ne, toa samo toj si znae, megjutoa kazna koja shto e mnogu pogolema od pedofili, ubijci siluvachi??? |
| Milan, 16.03.2012 13:45:06 | Hm... trkaloto se vrti. Koj znae na koe brojce ke padne vo skora idnina. Duri togas ke gledame shoua od tipo Dzandar zbira, samo togas ke bidat vo prasanje mnoooogu pogolemi sumi i prekrsoci. Tuku greota za zenite sto gi osudija so tolku visoki kazni... |
| Трпе, 16.03.2012 13:59:42 | Казната ке биде оправдана кога и други како фамилијата,феудалецот и останати хоштаплери се најдат зад решетки.Сигурно овој ден нема да биде далечен.Хааааа,хахааа колку треба да бидат осудени и тие кога ги има со уште поголеми криминали. |
| Еден, 16.03.2012 14:12:53 | @pavle Секогаш, партизаните се правилните творци на државава, а бугарите Александров, Михајлов итн, се антагонистите на македонското автономно државничко движење. А и обратно. Ако не биле ни едните ни другите, би пишувал ли ти сега на македонско кирилско писмо?
Се додека си зариваме ножеви едни со други, државата ќе ни пропаѓа. Само македонците се предавници едни на други. И сето тоа најчесто тргнува од вашата погана уста, на која единствена преокупација и е да меле невистини за другиот - а не тргнува од вистинити предавнички акти на оној за кој станува збор дека е предавник.
Формулата е едноставна што и најмало дете ја знае (очигледно кога ќе порасне ја заборава - како сите ние) - Двајца се караат третиот користи.
Никој за себе нема да речи дека не е во право некогаш.. во тоа и е проблемот со нас. |
| VETUVANJE, 16.03.2012 14:42:22 | Абре со овие нема шала се што ветија се исполнија затоа и ги добиа изборите. |
| До човекот што поднесол Молба во 9.30 часот, 16.03.2012 16:12:29 | Сандо не треба да се корегира Молителу - Сандо е Антички Македонац - таков е нивниот јазик. |
| Justinijan, 16.03.2012 17:46:20 | Velija nevin?Imam bliski sto imaat dukani.Site gi ima izmavtano po 2-300 evra .Ni roba,ni pari.Za tolku pari,ne im se sudi.Ako go namestile od danocno,dali go namestile 300 pobaruvaci na golemi sumi.Gi podbucnuvase farmerite,a toj dolzese na Svedimilk poveke stotini iljadi evra.Negoviot sin kako ovlasten glaven prodavac na Svedimilk,pogolemiot del od parite gi zabusi.Ili e ova seto laga?Od danocno go molea i cekaa dolgo da se razdolzi.Ama toj mislese ke ja srusi nasilno vlasta i nema potoa dolgovi.A Zingo stana tajkun so privatizacijata na SDSM,ili ne?SDSM bea dolgo na vlast,sto ne go zatvorija za kriminal?Zaboravate deka SDSM pokrade opstestven imot od 20-30 milijardi dolari bez pari,i bez prethodna denacionalizacija.Od svercot so Srbija 5 milijardi dolari.Ne tvrdam deka od ovaa vlast se site posteni.Ama za Velija ili za Zingo,e nadvor od pametr da se diskutira. |
| Da kvantificirame, 16.03.2012 19:29:57 | Zaboravivte samo mal detalj deka Velija proneveril 30000000 ( se nadevam ne zaboraviv nekoja nula) evra a ima mnogu matematika kolku kuki so toa zatvoril. Sramota e sto go prikazuvate kako macenik a na covekot samo mu lepela rakata pa taka si gi vospital i decata. |
| mira, 16.03.2012 20:59:09 | Pa Velija e kaznet zosto ne placal danok na drzavata 20 godini,dolzi na firmi i poedinci 30 milioni evra,otidoa vo zatvor poradi nego nevini lugje.Pa za seto ova 13 godini se malku.I namesto da se sramite vie uste ke se zakanuvate i so megjunarodni sudovi. |
| penzinerka, 16.03.2012 22:35:34 | g-go Ramkovska ,bi sakala da vi pomognam na bilo koj nacin ako mozam.ova sto vi se slucuva e uzas no sigurno ke mu dojde kraj,vi pozeluvam na celoto semejstvo mnogu sreka i zdravje i gospod neka vi e na pomos bidejki sudejki po komentarive lugeto se premnogu losi i uzivaat vo tugata nesreka |
| rererere, 16.03.2012 23:10:52 | Pavle ---ovie ne se probugari i Vancovisti tuku SRBOMANI isti kako tebe---I toa e vasata srbomanska demokratija |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 7°C
|
Среда
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
|