19.03.2012, 11:25 Еден загинат во рудник во Србија
Еден 24-годишен рудар загина при несреќа во рудникот за лигнит „Лубница“ во близина на српскиот град Зајечар.
Како што соопшти денеска полицијата од Зајечар, несреќата се случила синоќа во јамата „Осојно-југ“ на рудникот.
Засега не се соопштени детали за инциднтот, а во тек е увидот на местото на настанот.
Во полициското соопштение се посочува дека по налог на истражен судија од Основниот суд во Зајечар, во текот на денот ќе биде извршена обдукција на загинатиот рудар.
|