21.03.2012, 13:22 Исчезна 23-годишно момче од Виница
Дваесет и тригодишниот Златко Г. од Виница е пријавен за исчезнат од страна на неговиот татко. Момчето вчеравечер околу 18 часот заминало на риболов на езерото Калиманци на месноста Бакарски Гумна.
Портпаролот на СВР - Штип, Снежана Санева, вели дека момчето телефонски контактирало со таткото до 23 часот, по што се губи секаков контакт.
„Таткото и роднини на момчето отишле да го бараат на езерото Калиманци, го пронашле возилото на момчето, а во езерото забележале превртен гумен чамец“, вели Санева.
Таа информира дека нуркачки екипи на МВР веќе преземаат мерки за испитување на теренот.
|