22.03.2012, 14:16 Пронајдено телото на удавеното момче во Калиманци
Според полицијата, телото на 23-годишниот Златко Георгиевски било заплеткано во мрежите што ги поставувал за риболов
По два дена потрага, пронајдено е телото на исчезнатото момче во водите на езерото Калиманци. Дваесет и тригодишниот Златко Георгиевски е пронајден во близина на местото каде што вообичаено ловел. Според полицијата, неговото тело било заплеткано во мрежите што ги поставувал за риболов.
Момчето од виничкото село Калиманци, пред два дена беше пријавено за исчезнато. Неговото семејство и пријателите постојано го пребаруваа брегот на езерото, во потрага по момчето.
„Телото на Георгиевски е пронајдено околу 12 часот кај местото нарекувано Бакарски гумна, каде што и ги поставувал мрежите за риболов“, информираше вчера портпаролот на СВР-Штип, Снежана Санева. (Х.Р.)
|