16.03.2012, 12:52 Шок во семејството на македонскиот Швајцарец
Ристе Л. стравувал дека лекарите сакаат да го отрујат. Тој побегна од болница, украл автомобил и усмрти жена
Мајката и братот на 27-годишниот Ристе Л., кој пред неколку дена предизвика тежок инцидент во Швајцарија, се во шок. Момчето боледувало од шизофренија, но, сметаат дека установите требало подобро да се грижат за него. Несфатливо е како Македонецот, роден во Швајцарија, успеал да побегне од Психијатриската болница во Базел, украл автомобил и газел се' пред себе, усмртувајќи една жена и повредувајќи осуммина.
Тамошните медиум�� и вчера продолжија нашироко да известуваат за овој случај, кој ја дигна на нозе јавноста. Ристе израснал со помалиот брат Александар (23). Соседите велат дека било златно момче.
„Се' се смени кога почина татко му. Тогаш почна да пуши, стана агресивен. Во една прилика, со чекан го нападна својот брат“, пишува „Блик“.
Продолжил со насилно однесување. Во 2007 година бил осуден на шест месеци затвор поради нанесување лесни повреди. Во затворот било утврдено дека станува збор за психички болна личност, па наредната година бил префрлен во Психијатриска болница.
„Четири месеци немав никаков контакт со него“, тврди мајката Јагода. Таа вели дека нејзиниот син еднаш веќе побегнал од болница.
„Мојот син е многу болен. Доколку Клиниката подобро внимаваше на него, немаше да дојде до ова“, изјави за швајцарските весници.
Според тамошните закони, болните од параноидна шизофренија и нарушување на личноста не се сметаат за јавна опасност. Тој бил во затвореното одделение за криминалци: прво во одделението со средни, а потоа со пониски безбедносни стандарди.
„Во болницата нема оддел со ви��ока безбедност“, објавија медиумите.
Ристе Л. стравувал дека ќе биде отруен од лекарите. Крвавиот инцидент се случи во вторникот околу 18,15 часот кога ја соборил стажантката во болницата, го зел клучот и побегнал. Наишол на колона автомобили застанати на црвено светло. Влегол во „волксваген пасат“, го истуркал возачот, прегазил 46-годишна велосипедистка и повредил осуммина. Кога немал каде, го оставил автомобилот и почнал да трча. Бил фатен од тројца полицајци. (Г.А.) |