15.03.2012, 13:40 Чикаго победи во дербито на „Истокот“
Изненадување на Булси беше Џон Лукас кој реализираше 24 поени, а кај гостите од Мајами најпрецизни беа Двејн Вејд со 36 и Леброн Џејмс со 35 поени.
Кошаркарите на Чикаго успеаја да слават победа во дербито на Источната конференција од НБА лигата, совладувајќи го тимот на Мајами со 106:102 без помошта на првиот играч на тимот Дерик Роуз, кој овој натпревар го следеше од клупата.
Изненадување за Мајами беше Џон Лукас кој реализираше 24 поени, а кај гостите од Мајами најпрецизни беа Двејн Вејд со 36 и Леброн Џејмс со 35 поени, но тоа беше недоволно за победата.
На другите натпревари ноќеска беа постигнати следниве резултати: Индијана – Филаделфија 111:94, Њу Џерси – Торонто 98:84, Њујорк – Портланд 121:79, Сакраменто – Детроит 112:124, Милвоки – Кливленд 115:105, Њу Орлеанс – Лос Анџелес Лејкерс 101:107 по продолжение, Хјустон – Шарлот 107:87, Сан Антонио – Орландо 122:111, Феникс – Јута 120:111, Лос Анџелес Клиперс – Атланта 96:82 и Голден Стејт – Бостон 103:105.
Вечерва се играат пет натпревари: Њу Орлеанс – Вашингтон, Далас – Шарлот, Денвер – Оклахома Сити, Јута – Минесота и Лос Анџелес Клиперс - Феникс.
Пласман во Источна конференција: Чикаго 36-9 (победи-порази), Мајами 31-11, Орландо 28-16, Филаделфија 25-18, Индијана 25-16, Атланта 24-19, Бостон 23-19,...
Пласман во Западна конференција: Оклахома Сити 32-10, Сан Антонио 28-13, Лос Анџелес Лејкерс 27-16, Лос Анџелес Клиперс 24-17, Мемфис 24-17, Денвер 24-19, Далас 24-20, Хјустон 24-20 итн.
|