15.03.2012, 11:26 Кавадарци донира за изградба на Св. Петка
Општина Кавадарци од својот буџет ќе донира два милиони денари за црквата „Света Петка“ која се гради во новиот дел од градот, е одлуката која денеска ја донесе Советот на локалната самоуправа на 55-та собраниска седница.
Новиот објект на црквата „Света Петка“ е граден само со камен од искусни мајстори од Мала Преспа со долгогодишно искуство во ѕидарството. Инаку, се работи за една ретка градба од ваков вид во Македонија.
- Со изградбата на црквата Кавадарци добива еден прекрасен духовен храм со кој се гордеат и ќе се гордеат не само кавадарчани, туку и сите Македонци, рече Илија Тренчев, претседател на кавадаречкиот Совет.
„Света Петка“ е лоцирана во новиот градски центар во близина на хотелот „Фени“, локација на која и претходно беше планирано да се гради црква, но поради големите димензии на проектираниот објект, таа градба никогаш не почна
|