15.03.2012, 12:19 МЗТ Скопје Аеродром во следните три сезони ќе игра во АБА лигата
Договорот во Љубљана го потпишаа градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и претседателот на клубот, Сашо Босилков, како и раководните луѓе на Јадранската лига
Во следните три сезони МЗТ Скопје Аеродром ќе биде учесник во кошаркарската регионална лига - АБА, со што овој клуб ќе биде првиот македонски претставник во ова реномирано натпреварување.
Договорот со кој се официјализираа најавите дека МЗТ ќе биде дел од АБА лигата, во вторникот во Љубљана (седиштето на АБА лигата) го потпишаа градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски и претседателот на клубот Сашо Босилков како претставници од МЗТ Скопје и раководните луѓе на Јадранската лига.
- Со овој потег, МЗТ Скопје успеа на еден ваков начин да ја врати македонската клупска кошарка таму каде што и е местото, меѓу најдобрите клубови од бившите југословенски простори. Се надеваме дека витинските љубители на кошарката ќе можат од октомври да уживаат во настапите на МЗТ Скопје против врвни екипи како Макаби, Партизан, Цибона, Олимпија, Црвена Звезда..., истакнува Сашо Босилков, претседателот на МЗТ Скопје Аеродром.
|