Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.03.2012, 12:13

Попоски – Хаџинасто: Инцидентите не смеат да го нарушат соживотот

Македонија и Албанија делат заедничка европска визија, а Албанија ја поддржува Македонија за членство во НАТО, истакнаа шефовите на дипломатиите на двете земји

Македонија и Албанија осудуваат секаков вид инциденти кои може да им наштетат на добрососедските односи и бараат на сторителите да им судат институциите на системот. Двете земји делат заедничка европска визија, а Албанија ја поддржува Македонија за членство во НАТО, истакнаа шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Попоски и Едмонд Хаџинасто на денешната прес-конференција во Скопје.

- Сакаме да ја видиме Македонија да напредува кон НАТО интеграциите и ЕУ. Истото се однесува и на земјите од регионот без исклучоци, кои прво треба да се интегрираат меѓу себе, а потоа и во овие организации, рече Хаџинасто.

Во врска со палењето на македонското знаме, тој потенцира дека видел како се пали и албанско знаме и смета дека ваквите инциденти не смеат да се случуваат, но тие исто така не треба да ги компромираат одличните односи меѓу Македонија и Албанија, туку треба да се осудат, а виновниците да се изведат пред лицето на правдата.

– Побаравме од сите политички фактори да покажат зрелост, смиреност и поддршка за институциите да можат да ги решат овие проблем, истакна Хаџинасто.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски го дели ставот на гостинот од Албанија.

- Кој било гест, кој цели кон нарушување на одличната соработка во регионот и е навредлив за кој било од нашите пријатели или соседи како во Македонија така и во Албанија, мора да биде осуден и третиран во рамките на институциите на системот. Имаме заедничка иднина во рамки на ЕУ И НАТО, делиме исти вредности и така треба да бидат третирани сите гестови кои сакаат да ја нарушат ова цел и иднината која што сакаме да ја градиме, рече Попоски.


Статијата е прочитана 350 пати.

Испрати коментар



Најбогатиот човек во светот доаѓа во Македонија
Српски убиец со години живеел во Охрид под лажен идентитет
Штипјани грабнале 17-годишна девојка
Откажана изградба на „Белене“
Во турски хеликоптер загинаа 16лица
Косово не сака фуснота
Да се урнат сите цркви на Арапскиот Полуостров
Пораст на проституцијата во Атина
Маскирани лица нападнале старец во неговата куќа во штипското село Драгоево
Куќата на Словенец продадена поради неплатени сметки во износ од 124 евра
Трајановски: Скопје ќе биде поделен на квартови и блокови
Отпуштенби сто чиновници во грчкото министерство за развој
Во Охрид уапсен српски државјанин, баран по потерница од Интерпол
Северна Кореја ќе истрела сателит
Одземени возила кои вршеле јавен превоз без дозволи
Шок во семејството на македонскиот Швајцарец
Кривични пријави за тројца предизвикувачи на инцидентoт во автобусот бр. 65 на ЈСП
Црногорскиот претседател Вујановиќ во посета на Македонија
Лани 6.000 поплаки од потрошувачи
Куршуми најдени крај река
Кој е Македонецот што дивееше во Базел
Венизелос моли да го изгласаат
Карзаи
И Ѕинго со тужба против Бошкоски
Ахмети - Дијалогот всушност е започнување на преговорите со ЕУ
Телата на загинатите деца се враќаат во Белгија
Претседателката на кривичен Неделковска се сели во Врховен
Дијалогот е мост кон пристапните преговори со ЕУ
Десетина насилници претепаа момче
Во сообраќајка кај Пехчево загина едно лице
Компанијата „Бенетон“ гради текстилен центар во Ниш
Иднината на Македонија е во ЕУ, реформите да продолжат
Воjникот што уби 16 цивили во Авганистан префрлен во Кувајт
ОМД ја поздрави Резолуцијата на ЕП за Македонија
Кавадарци ќе донира за изградба на црквата „Св. Петка“
Филе
Скопје и Атина се притискаат да најдат решение за името
Почнува пристапниот дијалог на високо ниво Македонија - ЕУ
Струја удри дете во училишен двор



одлични односи?, 16.03.2012 13:46:18
Кога ќе не признаат под нашето уставно име, тогаш ќе имаме одлични односи меѓу Република Македонија и Република Албанија. Вака уште на првиот испит (признавање на нашето уставно име) нашиот сосед падна. Треба да се кажат некои работи отворено. Исто така и нашите домашни албански политичари јасно да се изјаснат за ова и да бараат од својата матична држава да го направи тоа.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 17°C, Мин: 3°C

Недела
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |