15.03.2012, 12:55 „Бенетон“ гради текстилен центар во Ниш
Вицепремиерот на српската влада Верица Калановиќ, која е одговарна за економскиот и регионален развој во владата на Мирко Цветковиќ, соопшти дека италијанската компанија „Бенетон“ во Ниш гради текстилен центар, во кој до крајот на идната година ќе работат 2.000 лица, а до крајот на 2014 година 2.700 работници, пренесе Танјуг.
Градежните работи се одвиваат со планираната динамика, четири фабрики се досега се реконструирани и изградени, а останатите планирани се во фаза на изградба, изјави Калановиќ за време на посетата на поранешниот текстилен комплекс од фабрики „Нитекс“, што беше купен од „Бенетон“.
Во моментов во комплексот работат 400 работници. Кога „Бенетон“ ќе проработи со полн капацитет ќе има обрт од 72 милиона евра и производство насочено кон извоз, рече Калановиќ.
„Бенетон“ презеде обврска да инвестира 43 милиони евра и да најде работа за 2.700 работници до 2014 година.
Србија одобри дотации од 9.000 евра за секое новоотворено работно место
|
|
Статијата е прочитана 878 пати.
|
Испрати коментар
|
|
vinko, 15.03.2012 13:33:23 | abe ovie ne gledaat MTV da vidat kade e ekinomskata oaza na Grujo,gadno se zaebale... |
| Космополит, 15.03.2012 14:48:37 | Овие нашиве ја обиколија три пати земјината кугла во потрага по инвеститори и до сега ништо не направија.Треба да идат на забрзан курс кај Српката влада, оти гледате инвеститорите ни биле блиску, во Италија.
Ама очигледно за ова треба памет и знаење , а не само удирање во гради и ЕПП.
Башка што нашите ја прогласија Македоија за текстилен гигант во Европа. Би било смешно ако не е трагично. |
| Bob Marley, 15.03.2012 20:28:58 | tekstilot e granka cij izvoz od segasnite 230-240 milioni EUR , relativno brzo bi mozel da se zgolemi znacajno i doprinese za zgolemuvanje na brojot na vrabotenite vo ovaa granka. Neophodna e koncentracija na proizvodnite resursi za da mozat istite da bidat interesni za investicii t.e. sorabotka so firmite od stranstvo. Za zal tekstilnata industrija kaj nas e vo faza na poceten razvoj i bez vizija za sostojbite na pazarite vo EU, so mal broj na isklucoci. Nemanjeto na domasna bazna tekstilna industrija e sledniot ogranicuvacki faktor. Nepotpisuvanjeto na dogovorot za digonalna kumulacija od strana na EU i CH e isto organicuvacki faktor koj gi odbiva potencijalnit e investitiri. Na kraj, eden mal broj na izvoznici go kontrolira pazarot na dorabotka zadrzuvajki go najgolemiot del od profitot kaj sebe dodeka kaj proizvodnite firmi ostanuvaat sredstva samo za prosta reprodukcija bez moznost za tehnicki razvoj i usovrsuvanje na kadrite. Modelot e preslikan od vremeto na Makoteks ..... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 9°C
Ведро
|
Петок
Ведро
Макс: 15°C, Мин: 2°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 3°C
|
|
|
|
|
|