Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
15.03.2012, 17:07

Венизелос моли да го изгласаат

Кандидатот за лидер очајно продолжува да се извинува поради грешките на својата партија


Атина – Единствениот кандидат за лидер на ПАСОК, кој треба да биде изгласан в недела на партиските избори, вчера на прес-конференција повеќе од десет пати им се извини на граѓаните во лично име и во име на партијата за грешките што ги направиле и со молба испрати порака и кон симпатизерите и кон членовите на ПАСОК в недела да дојдат на гласање. Грчките медиуми коментираат дека е можно в недела голем дел од членовите на Социјалистичката партија да се појават, но да пуштат бели листови, без да гласаат за Венизелос. „В недела почнуваме освежени и емотивно и политички“.

„Мојот повик ги надминува границите на ПАСОК, сакаме да стапиме во контакт со сите граѓани кои преживуваат во кризата, кои имаат проблеми и поплаки, се бунтуваат, но длабоко во себе знаат дека само преку политичката процедура можеме да најдеме решение за проблемите“, истакна Венизелос, оценувајќи дека гласањето на 18 март за лидер на ПАСОК е прослава на демократијата и граѓанското учество.

И Адонис Самарас и Евангелос Венизелос, кои прв пат одат на избори како лидери на партии, знаат дека нема да се справат само со јавноста, која е лута на владејачката партија, туку јавност која им е лута на сите грчки политичари одговорни за новите мерки кои уште посилно удираат по домашниот буџет на грчкото семејство. Последната анкета на весникот „Понтики“ покажа дека одлучувачки фактор за граѓаните на овие избори нема да биде политичката програма, туку нивната влошена финансиска состојба и празните џебови.

Според резултатите на анкетата на „Понтики“, граѓаните со празни џебови нема да им дадат ни 40 отсто заедно на двете најголеми партии Нова демократија и ПАСОК. Десничарите Нова демократија се очекува да освојат најмногу гласови, но не доволно за да формираат сами влада. Како што се гледа од резултатите во „Понтики“, Нова демократија има 23 отсто поддршка, а ПАСОК само 13,5 отсто. Веднаш до ПАСОК се левичарската СИРИЗА и комунистичката ККЕ со поддршка од 12,5 отсто. Во собранието, според овие резултати, се очекува да влезат осум партии. Најмногу изненадува фактот што резултатите покажуваат дека во собранието би можеле да влезат и ултранационалистите Хриси Авги, кои поради своите радикални десничарски позиции и активности се сметаат за нацистичка партија. (М.П.)




Статијата е прочитана 1223 пати.

Испрати коментар



Најбогатиот човек во светот доаѓа во Македонија
Српски убиец со години живеел во Охрид под лажен идентитет
Штипјани грабнале 17-годишна девојка
Откажана изградба на „Белене“
Во турски хеликоптер загинаа 16лица
Косово не сака фуснота
Да се урнат сите цркви на Арапскиот Полуостров
Пораст на проституцијата во Атина
Маскирани лица нападнале старец во неговата куќа во штипското село Драгоево
Куќата на Словенец продадена поради неплатени сметки во износ од 124 евра
Трајановски: Скопје ќе биде поделен на квартови и блокови
Отпуштенби сто чиновници во грчкото министерство за развој
Во Охрид уапсен српски државјанин, баран по потерница од Интерпол
Северна Кореја ќе истрела сателит
Одземени возила кои вршеле јавен превоз без дозволи
Шок во семејството на македонскиот Швајцарец
Кривични пријави за тројца предизвикувачи на инцидентoт во автобусот бр. 65 на ЈСП
Попоски – Хаџинасто
Црногорскиот претседател Вујановиќ во посета на Македонија
Лани 6.000 поплаки од потрошувачи
Куршуми најдени крај река
Кој е Македонецот што дивееше во Базел
Карзаи
И Ѕинго со тужба против Бошкоски
Ахмети - Дијалогот всушност е започнување на преговорите со ЕУ
Телата на загинатите деца се враќаат во Белгија
Претседателката на кривичен Неделковска се сели во Врховен
Дијалогот е мост кон пристапните преговори со ЕУ
Десетина насилници претепаа момче
Во сообраќајка кај Пехчево загина едно лице
Компанијата „Бенетон“ гради текстилен центар во Ниш
Иднината на Македонија е во ЕУ, реформите да продолжат
Воjникот што уби 16 цивили во Авганистан префрлен во Кувајт
ОМД ја поздрави Резолуцијата на ЕП за Македонија
Кавадарци ќе донира за изградба на црквата „Св. Петка“
Филе
Скопје и Атина се притискаат да најдат решение за името
Почнува пристапниот дијалог на високо ниво Македонија - ЕУ
Струја удри дете во училишен двор



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 15°C, Мин: 2°C

Сабота
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Сп��рт | Скопје | Забава | Хороскоп |