15.03.2012, 12:16 Свиндал со мал кристален глобус во супервелеслалом
Италијанецот Кристоф Инерхофер победи на денешната трка во Шладминг со само две стотинки подобро време од второпласираниот Алексис Пинтуро од Франција и шест стотинки од третопласираниот Марсел Хиршер од Австрија
Малиот кристален глобус во оваа дисциплина му припадна на Аксел Лунд Свиндал од Норвешка со 413 бодови, пред Дидие Куш од Швајцарија кој освои 400.
Борбата за првата позиција во генералниот пласман станува се поинтересна, бидејќи Хиршер со денешните 60 бодови, ја намали разликата на 75 бодови во однос на лидерот Бает Фојц од Швајцарија.
Фојц има 1330 бодови, Хиршер 1255, а трет е Свиндал со 1131.
До крајот на оваа сезона во Светскиот куп остануваат уште две трки, велеслалом в сабота и слалом в недела.
|