16.03.2012, 14:34 Во Охрид уапсен српски државјанин, баран по потерница од Интерпол
Истражен судија на В.Ј. му одреди мерка притрвор од 30 дена
Охридската полиција вчера, постапувајќи по меѓународна потерница распишана од Интерпол на Република Србија, во угостителски објект во Охрид го уапси В.Ј.(37) од Панчево, поради сомнение дека сторил кривични дела „убиство“, како и „тешка телесна повреда“ во 2002 година.
Истражен судија на В.Ј. му одреди мерка притрвор од 30 дена. В.Ј. во Република Македонија влегол со патна исправа издадена во Босна и Херцеговина, со податоци на име на друго лице, соопшти МВР.
|