16.03.2012, 14:58 Куќата на Словенец продадена поради неплатени сметки во износ од 124 евра
Љубљана, Полицијата во Словенија растера 20-ина лица, кои се обидоа да го попречат принудното прогнување на маж, чија куќа била продадена со судска одлука поради неплатени комуналии.
Случајот на Зоран Васкршиќ предизвика улични протести и јавни дебати во земјата, откако куќата во Литија, на околу 20 километри источно од Љубљана, беше продадена во 2010 поради неплатени комуналии во износ од 124 евра.
Властите тврдат, дека Васкршиќ игнорирал неколку судски налози да ги плати сметките. Тој, пак вели оти не знаел дека куќата ќе му биде продадена.
Активисти изјавија дека полицијата употребила сила, за да ги растера демонстрантите пред куќата и неколку лица биле уапсени. (МИА)
|