21.03.2012, 15:29 Успешни САП приказни во македонските компании
ФОТО: Киро Попов
Како раководителите на компаниите на најдобар начин да управуваат со своите ресури? Македонската бизнис јавност вчера имаше можност да го добие овој одговор, запознавајќи се со можностите на прогресивната САП технологија, како и со успешните практики од нејзиното користење, на првата САП конференција која беше одржана во Скопје.
САП е светски лидер во областа на деловниот софтвер, која им помага на компаниите во сите индустриски гранки да функционираат подобро. Апликацијата САП има 172.000 корисници во повеќе од 120 држави во светот, во 25 индустрии. Погодна е за сите компании кои сакаат да остварат оптимизирање на ресурсите, да имаат важни анализи, да ги следат своите залихи и нарачки, успешно да планираат и да остварат профит.
На конференцијата учествуваа и претставници на нашата фармацевтска компанија „Алкалоид“, која е пионер на САП во Македонија. Нивната успешна приказна, односно искуството и бенефициите од користењето на САП им беше пренесена на учесниците на конференцијата.
„Македонскиот пазар е многу важен за нас. Знаеме дека поседува големи развојни потенцијали и во јавниот сектор, но и во приватните компании. Во Македонија имаме многу важни корисници, почнувајќи од ’Алкалоид‘, кој прв го воведе САП во Македонија, па до ЕЛЕМ, Народна Банка на Македонија, ИПАРД“, изјави Владимир Поповиќ, генерален директор на САП за Западен Балкан.
„Да се биде САП партнер значи да се биде партнер со светскиот бренд број еден во областа на софтверски апликации. Синерџи инвестираше во обука и сертифицирање на свој кадар и со тоа се здоби со рамноправни САП консултанти во однос на сите регионални и светски САП консултанти“, истакна Игор Дукоски, генерален директор на „Синерџи Македонија“, партнер на САП. (Ек.Р.)
|