Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.03.2012, 16:23

Српскиот убиец возел такси низ Охрид

Охрид - Српскиот убиец Владимир Јорга (37), кој неодамна беше уапсен во Охрид, повремено работел како таксист во градот. Превезувал патници од земјава и од странство, но и од неговата родна Србија, но никој во изминативе седум години не го препознал дека се крие во Македонија. Полицијата му влезе во трага по 10 - годишно бегство. Владимир Јорга, во Охрид, формирал и семејство. Има две малолетни ќерки, но немал постојано вработување. Тој е син на некогашниот прославен југословенски каратист Илија Јорга, носител на неколку европски и светски титули. Во Охрид живеел како мирен, тивок и повлечен човек, под лажен идентитет и државјанство на Босна и Херцеговина. Како што дознаваме, бил мирен и тивок и при апсењето, кое се случи пред еден охридски ресторан. На полицијата не и пружил никаков отпор. Според првичните сознанија на истрагата, Србинот со босанскиот пасош на туѓо име, уредно влегол во земјава пред седум-осум години.

.Злосторството го направил во 2002 година, во неговото родно Панчево, во кафулето „013“ каде што најпрво се скарал со Горан Грбан (25), а потоа и го застрелал. Притоа, еден од куршумите тешко ранил седумнаесе��месечно бебе, кое спиело во количка. Бебето, кое со родителите и постариот брат шетало низ центарот на градот, едвај преживеало. Куршумот го погодил во глава, а потоа се лизнал во стомакот. Јорга и Грбан, наводно, биле во кавга поради девојка. Според шпекулациите, приближно една година пред убиството, двајцата и се степале, при што Владимир го извлекол подебелиот крај, добивајќи ќотек со безбол-палка. По приведувањето во Охрид, му е одреден едномесечен притвор и се очекува негова екстрадиција во Белград. (В.М)


Статијата е прочитана 4067 пати.

Испрати коментар



Ограбена и оштетена црква во Тетово
Пријави педофилија на 15-505
Пронајден женски труп во Долно Лисиче
Петмина повредени при изградба на „Сити мол“
Скопјанец крадел охридски бисери
Исчезнати со години



Kliment-Ohrid, 19.03.2012 09:02:15
Ovaj ubiecov ne e sin na Ilija Jorga,sinot na Ilija Jorga se vika Aleksa.Ve molam najprvin ispitajte gi dobro informaciite pred da gi objavite.Sledi izvinuvanje na familijata Jorga.. Pozzzzz

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |