Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
20.03.2012, 17:19

Интервју: Треба да се срамиме од зборот антиквизација

Директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман, вели дека и понатаму ќе се истражува античкиот период, а терминот антиквизација го смета за смешен. Праисторискиот, средновековниот и отоманскиот музеј на скопското Кале ќе бидат готови до крајот на годината

Катерина Богоева


Март е, време кога скопското Кале како и останатите локалитети со културно историски вредности во земјава станува поатрактивно за посетителите. Кога ќе започне изградбата на планираните три музеи и очекувате ли и годинава како лани политички местенки, можни судири меѓу населението?

Не очекувам ништо, никакви местенки, ниту политички немири и нема да има посебно обезбедување, бидејќи работиме по законски правила и прописи. Ми се чини дека сега работите се нивелирани и нема да има никакви проблеми. Сметам дека конечно проработе свеста меѓу скопјаните, меѓу населението дека работиме за доброто на сите во Македонија. Се' што таму се работеше и ќе се работи на тој простор е за афирмација на зачуваното културно - историско наследство. Планираната конзервација, реставрација и реконструкција на трите објекти од средновековниот, отоманскиот и праисторискиот период за кои знаеме скоро се', ќе започне во мај. Првиот музеј кој што го започнавме лани е од остатоците од црква и треба да го завршиме и во него ќе бидат изложени предмети откриени од средновековниот период. Во вториот, ќе реконструираме објект од Отоманскиот период каде ќе презентираме мноштво откриени предмети за секојдневна намена од тој период. Третиот објект е праисториска куќа од бронзеното време од кое што имаме остатоци во вид на круг и имаме еден прекрасен профил, стратиграфија од културните слоеви. Таа куќа ќе ја подигнеме целата, а во еден дел внатре ќе може да се види стратиграфијата на земјата. Секој што е пољубопитен ќе може да ја разгледува со објаснување на културните хоризонти. Според мене, тоа ќе биде еден од најатрактивните и најдобро презентираните објекти на Кале, а во неа ќе ги изложиме сите предмети од праисторискиот период. Тој ќе биде и единствен таков објект не само во Македонија, туку воопшто и на Балканот. Ќе започнеме во мај, бидејќи до 27 март треба да заврши тендерот за музејот од отоманскиот период. Проектот за праисторискиот музеј е во завршна фаза, по што и за него ќе следува тендер, а тие постапки претходно се завршени за музејот од средновековниот период.



Постои ли забрана за движење на Кале?

Никогаш и немало забрана за движење освен кога беа политичките немири, а агенцијата која го обезбедува Калето беше ангажирана и пред тие настани. Таа ги чува вредностите што археолозите ги открија во текот на археолошките истражувања. Така е впрочем и на поголемите објекти каде има откриени остатоци што мора да се чуваат. Луѓето беа навикнати на тврдината да се шетаат како во парк и затоа сега им се чини дека е забрането. Не е ништо забрането, секој може да отиде и културно да се најави на лице место како секаде каде што се оди со билет и карта, но овде нема билети. Нема да можеме да ја тргнеме оградата и чуварската служба на тврдината, таа секогаш ќе остане таму. Посетителите мора да внимаваат кога се движат, да одат по патеките, да не скокаат по старите ѕидови за да не направат и ненамерно штети. Да не се руинираат археолошките остатоци во кои е вложен труд на 20 - тина археолози.

Годинава паралелно, но со поголем интензитет ќе работиме и на конзервација, реставрација и презентација на археолошките архитектонски остатоци, кои стручните служби предвидоа дека треба да бидат оставени, конзервирани и презентирани пред јавноста.Тоа се остатоци од разни објекти од средновековниот период, работилници од Отоманскиот период, други објекти на кои се уште не им ја знаеме вистинската намена. Но, главно тоа се објекти кои служеле за некои потреби на војниците што живееле внатре и луѓе кои во нив работеле.



До каде се работите со уредувањето на новиот Археолошки музеј крај Вардар ?

Ентериерот не е подготвен за да влезат ниту витрини, а предметите ќе следуваат отпосле, но имаме целосна визија што ќе има внатре. Ќе бидат изложени предмети од трезорите на Музејот на Македонија и од останатите музеи во земјава, од периодот на праисторијата, антиката и средниот век. Покрај тоа ќе има презентација на сегменти од археолошките локалитети и истражувања како и реконструкции. Тоа е модерно сега, го има и во музејот во Пела и на Акропол во Атина. Ќе имаме реконструкција на кочијата од Делчево која ќе зафати голем простор, на подовите ќе бидат поставени оргинални мозаици од ранохристијански базилики кои ги имаме повеќе во Македонија. Се надеваме дека ќе успееме да оформиме една специфична просторија со мумијата од Липково, но мора да бидам скептичен, бидејќи се потребни големи експерти за да успеат неа да ја конзервираат. Се надевам дека ќе успееме да донесеме и копија од саркофагот на Александар Македонски што се наоѓа во Археолошкиот музеј во Истанбул и е единствен од таков. Бидејќи со Турција имаме добри односи, имаме начелни ветувања дека ќе ни дозволат да направиме копија.

Со тим од 20 тина археолози од Музејот на Македонија со кој јас раководам, работиме на каталогизација на сите предмети, така да за отворањето на Археолошкиот музеј подготвуваме и обемен каталог со сите изложени предмети. Тие работи одземаат најмногу време. Тој не треба само технички да се опреми, туку и научно да се определат предметите.

Не' обвинуваат дека копаме, а не објавуваме, но за да објавиш нешто треба 3-4 години само со тоа да се занимаваш. Сето тоа го планираме, а зависи од динамиката на изградба на музејот кој треба да биде отворен до крајот на годината.

Имаше ли спорни предмети кои сметавте дека треба да се донесат од останатите музеи низ Македонија?

Имаше дилема, но немаше доставено специфично барање за скулптурата на „Срамежливата Венера“ од Скупи, која Музејот на град Скопје самиот ја предложи да биде пренесена во новиот Археолошки музеј. Имаше дилема во однос на предметите од прва категорија, како што е златната маска од Охрид и кочијата од Делчево што се наоѓа во Штип, но штипскиот Завод и Музеј без никаква реакција, прифати. Многу од златните охридски предмети за кои јас треба да одлучам, ќе бидат пренесени. По обраќањето до Археолошкиот музеј во Софија и до Народниот музеј во Белград очекуваме да ни дозволат да направиме копии од оргиналите на златни маски од Требениште кои се наоѓаат таму. Исто така, сакаме да направиме копија и на познатиот кратер од Требениште кој го има во тие музеи, но и на уште еден шлем со златна апликација од познатиот охридски локалитет кој се наоѓа во Белград и е со македонскиот штит. Тој досега не беше така третиран во науката.



Дали летово во Охрид конечно ќе може да се види изложена копијата или оригиналот на Златната маска?

Да, со сигурност овој пат тврдам дека тоа ќе се случи и ќе биде многу добро ако успееме, покрај оригиналната маска да ги добиеме и копиите од Белград и Софија. Така ќе ја добиеме посакуваната целина од Требениште која важи за мит меѓу луѓето. Во каталогот за таа изложба на кој работиме ќе има над 350 охридски златни предмети што поединечно ќе бидат опишани и научно ќе се интерпретираат.



Ќе продолжите ли и годинава со истражувања на античкиот период на археолошките локалитети низ земјава, кои континуирано течат и покрај присутните обвинувања за антиквизација?

Ние отсекогаш сме го истражувале античкиот период и ќе го истражуваме понатаму, но терминот антиквизација се уште го сметам за смешен. Не постои процес на антиквизација, ние го истражуваме и презентираме античкиот период на тлото на Македонија кој е најбогат со податоци, но не само овде, туку и на целиот медитерански културен простор. Не само античкиот, продолжуваме и со археолошки истражувања на сите други периоди. А терминот антиквизација изминативе години не ми пречеше мене, туку на Македонија. Ако сме дел од оваа земја и сме Македонци, треба да се срамиме од таков еден термин. Јас и денеска не гледам смисла во неговата содржина.

Што можеме да антиквизираме ние? Затоа што ги ставивме скулптурите пред Владата? Мене премиерот кога ги поставувавме ме праша дали имаме нешто од подоцнежниот историски период, а навистина од среден век немаме ниту една скулптура. Да имавме ќе ги наредевме сите. Но, ние имаме скулптури само од античкиот период, не само ние, туку и целиот Медитеран, Балканот и светот има најмногу од тој период. И зошто кај нас треба тоа да е антиквизација, а кај другите не. Веројатно поради спорот со Грција се смета дека се' што сме направиле сме направиле за да ги изнервираме Грците. Тоа нема никаква врска. Ние презентираме се' што е на ова тло, се' што е наше на кое ние сега сме сопственици. Не корисници, сопственици сме на македонската почва! Од тука се' што е на таа почва, се' е наше. Ни грчко, ни турско, наше е. Тоа го сфатиле Италијанците, Римјаните и другите, а тие никогаш не ни направиле проблем што овде многу работи се од римски период.

Не е никаква антиквизација се' што е најдено овде од периодот на хеленизмот, од класичниот грчки период да го извлечеме и покажеме. До сега не можевме да го направиме тоа. Ние имаме неколку лапидариуми во земјава, но предметите таму не се така експонирани како пред Владата.

Првата цел не беше скулптурите да бидат изложени надвор, туку внатре во Владата, но не ни беше дозволено, бидејќи се тешки. Постоеше опасност да потоне катот, а сакавме да бидат во приземјето и на катот. Јас предложив да бидат надвор ги намачкавме со течен силикон и немаат проблеми, иако знаете дека имаше реакции од поранешниот министер за култура Благоја Стефановски до професорката Наде Проева. Сите имаат право да го кажат своето мислење од разни побуди. Јас од мои побуди велам дека се' што сум направил лично и други со мене што правеле и прават сега, сметам дека со извесни грешки и пропусти, се добри работи. Вклучувајќи ги тука и спомениците. За да ја направиме Македонија како што сакаме да ја направиме, бидејќи воопшто не ја правевме, таа само тонеше.



До кога ќе стојат спомениците пред Владата?

Ќе ги тргнеме кога ќе го отвориме Археолошкиот музеј. Уште оваа година се пред Влада, а во музејот ќе бидат во приземјето, во лапидариумот што ќе биде огромен.

И другите археолошки предмети кои сега се во Влада ќе одат во новиот Археолошки музеј.


Статијата е прочитана 6103 пати.

Испрати коментар



Зимата ги остави во крш улиците во Битола
Се бараат инвеститори за индустриската зона „Металец“
Актерот Талески даде филмски отчет за работата на градоначалникот Талески
Продолжи протестот на работниците од „8 Ноември“



EU, 21.03.2012 00:22:41
Mnogu interesen covek ovoj Paskal. Vo Makedonija nema gradovi kolku sto toj gradi muzei. A pritoa veli, naodi od helenskiot period. Pa tie vladeele, tie gradele i tie ostavale tragi za svoeto postoenje.
pameten, 21.03.2012 05:39:27
Sekoja drzhava mora da bide gorda so svoeto arheoloshko nasledstvo. No Antikbizacijata vo Makedonija e ideoloshka konstrukcija koja shto saka da dokazhe kontinuitet na deneshnite Makedonci so tie na Aleksandar. Ovo e kako da dokazhuvash kontinuitet na Hashim Tachi so car Lazar. Pasko Kuzman sam dokazha deka vo Sredniot vek Makedonija i Makedonci na ovie prostori nemalo. Imeto Makedonija se vratilo vo Otomanskiot period, a vo 20 vek po mnogu torturi mnozinskoto naselienie evoluiralo sopstven Makedonski nacionalen identitet. Prifakjaneto na istorijata kakva shto bila se narekuva normalizacija i Makedonija ima dolema potreba od nea!
Tina, 21.03.2012 05:42:19
Antikvizacija zvuche kao, unistuvanje na antikata. Ne da e smesno tuku i nepotreben izgoovor. Anti, oznacuva protivu. sto zvuce, protivu kvizacija, a sto e kvizacija? toj zbor mora da e izmislen vchera. go nema vo recnikot na anglijski. Moze bi moj rechnik e anticki? ili antikvizacionalen.
Nikola, 21.03.2012 06:53:14
Европа и САД за историјата на Македониjа - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html
Marioec od Azija, 21.03.2012 07:24:23
Antikvizicijata ja izmislia SDS so ekipata na Frckovski i nivnite im bliski novinari,samo da ja napadjat vlasta,zatoa sto nemat nikakvi drugi ponudi i solucii.No so tie napadi ne i stetat na vlasta nego na Makedonija i Makedoncite,pa otuka proizleguva i somnenieto deka tie rabotat za stranski interesi(sorosoidi,gr platenici i sl),sto sepak nema nikakvi dopirni tocki so takvite,tuku e nedostatok na ide, ponudi i programi za podobra idnina na site.Vreme e vece da se prestane so ovakvi gluposti,pa svetot ne pocnal od 45ta tuku postoel i pred tursko i kaursko.
Mende, 21.03.2012 07:28:43
Vo red, no sepak vo optek e nov zbor vo arheoloskite i politicki krugovi vo Makedonija koj sto na najdobar nacin go predstavuva Donkihotskiot obid na atikvizatorite da ja razoblicat istorijata na makedonskiot narod - toj zbor e PASKOKUZMANIZACIJA.
пријател, 21.03.2012 07:52:53
Точно е дека ние сме споственици на оваа почва,и се`што е на таа почва е наше.Но треба да се каже дека тоа што го наоѓаме од пред 7-ми век го створиле народите кои тука живееле пред нас.Точно е дека треба се што е најдено на оваа наша почва,па и она од периодот на хелинизмот,треба да се извлече и покаже.Хелинистичката историја и култура имала огромно влијание не само на нашата култура туку на цела Европа и светот.Од тоа не треба никој да се срами.Но ние треба да се срамиме што се прикажуваме како потомци на античките Македонци и директни наследници на историјата и културата на античка Македонија.Срамота е што нашите предци,нашите прадедовци и пратататковци дошле на оваа почва 1 000 години по смртта на Александар,а се претставуваме како негови потомци.Колку што е Паско скопјанец,толку сме и ние ант.македонци.
Istocna Makedonija, 21.03.2012 08:04:00
Apriori da ne se dviraat videntnite arheoloski ostvaruvanja na Arheologijata vo Makedonija! Seto ova pod ,,dirigentskata palkana elokven- tniot,kreativen,strucen i posveten na strukata do fanatizam g-din Pako Kuzman.Apsurdno i stupidno e vo reperezentativnite arheoloski rea- lizacii i naodi da se implementira i involvira politi- ka,oti ;ovekot raboti,isklucivo,na iluminacijata na makedonskiot identitet i bogatoto kulturno- istorisko nasledstvo na ovie,od iskona,nasi pros- tori.Bravo za Pasko i site nasi arheolozi!!!
Ајван Доктор®, 21.03.2012 08:20:18
Паско изигрува наивец,па ја меша антиквизацијата со археолошките истражувања!Би било интересно да одговори дали скулптурата на Аце-воинот е археолошка ископина,дали зградата архив-суд-археолошки музеј е ископина од дамнешни времиња,или можеби е пронајдена слична градба во барокен стил од XVII век!Добро е да ни посочи,дали црквата-музеј-црква што само наликува-на-црква(а тоа да ти било музеј) била изградена со челична арматура,кога веќе тврди дека „прават конзервација,реставрација и реконструкција“на објекти!Зарем тие не треба да наликуваат на периодот во кој се градени?!Самиот,многу добро знае што означува терминот антиквизација!Тоа што ќе се најде на оваа почва е Наше,но е неизоставна трага на постоење на друга,туѓа култура,како неизоставен дел од богатата историја на оваа почва!Обидот таа да се присвои како автохтона,македонска,е антиквизацијата,не – нејзиното реставрирање!Кога ќе си го признаеме постоењето на други (туѓи)култури низ историјата,ќе можеме да се пофалиме со разум!
miki, 21.03.2012 08:50:44
Od sto se treba da se sramite, ne se dobrojuva! Se prasuvam samo, dali navistina veruvate deka eden den nema da polozite smetki za vasite (ne)dela?
BRISEL -ZA TIE KOJI NEZNAAT STO E HELENISTICKI, 21.03.2012 09:20:28
HELENISTICKI PERIOD E DOSTIGNUVANJETO NA KULTURATA KOJE E VO NAJGOLEMI RAZMERI I NAJPOVEKE SE MANIFESTIRAT ZA VREME NA FILIP I ALEKSANDAR,...EDNOSTAVNO RECENO : TAKOV RAZMER NEMAT PREDNIV , NO NE I PO NIV,...HELINISTICKI NE ZNACIT GRCKI , AKO BESE GRCKI KE SE KAZESE GRCKI , HELINISTICKI ZNACIT ODREDEN PERIOD SO POSEBE RAZVOJ NA KULTURATA I UMETNOSTA,LITERATURATAI NAUKATA POIMOT E IZMISLEN VO SEDEN VEK(18 VEK) OD GERMANSKI NAUCNICI I NE SE KORISTEL ZA VREME NA ATIKATA.
cobe, 21.03.2012 09:58:34
Треба поточно да се срамиме од тебе што дочекавме да водиш ресор кој располага со повеќе средства од Министерство за Економија.........нема пример во светот каде ударнички се создава нова историја по теркот на власта............затоа сите со потсмев гледаат на нас пилиштарци........
kvark, 21.03.2012 11:56:34
BRAVO!
Мики, 21.03.2012 12:39:07
Наша историја е од времето на неолитот и палеолитот на овие простори (многу пред тоа). Наша историја е и онаа од османлискиот период (окупација) или периодот на српската или бугарската окупација, или периодот на византиското царство и културата од тоа време на овие простори. Оттука, јасно е дека наша историја е и периодот на хеленизмот на овие простори. Неможеме да кажеме дека Америка нема своја историја бидејќи во неа сите (освен домородците) дошле од некаде. Тоа би било смешно и страно. Смешно е барањето историјата да се истражува и поврзува со народите кои дошле на овие простори. Се што се случувало на овие простори од дамнешни времиња до денес е наша историја.
Под турско Македонија беше македонска а не грчка, 21.03.2012 14:20:07
Зошто се овие раправии и овие докази од пријатл непријателот од грчка амбасада за пред три илјади години кога до 1913 во Македонија кој била под турско не живееле Грци. Грци немало во Александрова Пела а Македонци имало. Најголем град до Пела е Воден со 80% Македонци. Грци немало во Драма Кукуш Јаница Лерин Костур Кавала значи цела тн егејска. Атина кога имала 70.000 жители во 1900 Солун имал 135.000 а само 15.000 грчки трговци. Грците се околу Кожани и Катерини. Значи пред сто години не беше грчка. А вие одите во антика а Македонија ја обвинувате за антиквизација. Ај овие грчки пропагатори ама едноумиве не ми се јасни.
jovan, 21.03.2012 15:23:44
Treba da se stramime od berberot tvoj.
bitola troa skolovan, 21.03.2012 16:06:03
Mnogu me cudi na koj mu se obraka ovaj covek so del od svoite izjavi.Misli deka treva paseme.Nemoj da me vredjas so toa sto kazuvas deka koga rabotis po zakon nema da ima nikakvi problemi na kaleto.Toa se vika se dogovorivme so DUI i ke bide kako treba po nemirite sto gi izreziravte a nikoj ne e kriv.Gradba na crkva noke,turkanje noke a sega demek mozelo koj saka kulturno da se najavel .... odi bricko eden .....
deko, 21.03.2012 16:20:33
Do prijatelot,ako ti ne znaes deka si makedonec nikoj ne moze da ti pomogne,bidi si toa sto sakas no nemoj nas da ni kazuvas sto sme.Dali znaes deka veke e dokazano sto sme i od kade poteknuvame i ponatamu ke ve molam pisuvajte za vas sto ste no nas makedoncite ostavetene da se custvuvame kako sto se custvuvame-makedonci.Tolku omraza od neobrazovani luge ne sum videl,pa druze bidi si ti:jugosloven,slavomakedonec,sloven ili se sto ti e po volja samo te molam ostavine nas makedoncite.
Кадавер, 21.03.2012 16:25:10
веќе поодамна има теории дека словените се автохтони на Балканот, т.е. потекнуваат од Венетите и други племиња. Уште во СФРЈ словенечки историчари го застапувале тоа...не може само ние да сме дојдени од задкарпатите, тоа е тешка глупост. А и самите Римјани пишуваат за словените како автохтон народ, тие ги заробувале како робови, ( Склави).. е сега од 6-иот век словените зајакнале, па набргу ја формирале и првата држава (цар Самуил). Точно е дека има дилеми каде се изгубиле античките македонци, тие најверојатно се асимилирани од другите народи, па и од словените. Но нити грците не докажале дека се наследници на елените, јазикот не е доказ...јазикот може да го примат и други народи, тоа било од секогаш и има многу примери во историјата
von kragh, 21.03.2012 16:41:51
Kako li ce se cuvstvuvaat Makedoncite a pogotovo tie sto gledam deka neznaat koi se koga plus ce im dojde deka se del od golemoto smokveno drvo...
nacional-patriot, 21.03.2012 17:43:39
Vo 13 vek ohridskiot arheiskop Homatijan napravil napisi kade sto pisuva deka i togas imalo etnicki Makedonci.I vo sredniot vek imalo Makedonci.Povekje stranski istoricari i za carstvoto na Samuil vekje go prikazuvaat deka bilo makedonsko carstvo.Deka Slovenite dosle na Balkanot od zad Karpatite nema nikakov materijalen i pisan dokaz.Toa e mit.Se povekje se prikazuva tezata deka Slovenite se avtohtoni na Balkanot i duri deka antickite Makedonci se vsusnost Sloveni.I da ne bile Sloveni,ne bile ni Romei.Sepak antickite Makedonci bile so poseben makedonski identitet i tie go usvoile imeto Makedonija za togasnoto kralstvo i drzava na antickite Makedonci.Smesna i nelogicna e tezata deka Makedoncite evoluirale vo 20 vek.Toa e izmislica na nekoi od takanarecenite Bugari.Makedoncite so vekovi bile etnicki Makedonci,a i na krajot od 19 vek amerikanskata FBI gi prikazal Makedoncite za poseben etnicki narod so makedonski jazik.Taka bile zapisuvani Makedoncite koi togas se doseluvale vo Amerika.
antikomanija i Hellenizmot, 21.03.2012 19:54:06
Popravilen e izdrazopt antikomanija ( antika-kultura i filozofija na klasicnite starini,umetnost i vospitni ideali na starite klasicni narodi, pred se Grcite, Rimjanite Egipcanite Vaviloncite Fenikijcite i sl., manija- oblik na dusevno zaboluvanjeso so nastapi na agresija sumanitost , nastranost ,zanesenosti sl)a do onaj Brisel koj saka da ni objasni sto e Helenizam i tvrdi deka toj poim nama vrska so Grcite,gresi. Hellenizam e osobenost vrzana za Stariite Grci, jazikot, obicaite , obrazovanieto, knizevnosta, kulturata. Vo potesen smisol na zborot period na grckata kultura i knizevnost od smnrta na Alaksandar do car Avgust. Helen mitski sin na Deukalion i Pira, pratatko na Helenite po cii sinovi Eol, Dor , Jon i Ahej se nareceni starogrckite pleminja Eolci, Dorci, Jonci i Ahajci.E ova sega sto se prodava se narekuva Paskovizam ili paskomanija.
Do koga vaka duri se mozi, 21.03.2012 21:00:44
Vo grcia ima sve ali ne grci ali bolni luge nese lecat za 20god. tuku za edno 50 kako sto trael komunizmot......................

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 7°C

Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |