20.03.2012, 17:32 Уапсени охридски крадци на казани
Охрид - СВР од Охрид поднесе кривични пријави за З.Р.(28) од охридското село Куратица и за Н.П.(26) од Охрид, поради кражби на бакарни и месингани предмети на подрачјето на Куратица, Лакочереј и Косел. Украдените предмети потоа ги препродавале во Охрид.
Првиот, според полицијата, насилно влегувал во куќи и помошни простории и крадел месингани предмети, бакарни котли, тави, рушел соѕидани казани за варење ракија и одземал бакарни котли и буриња за ладење. Притоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари. При претрес, полицијата пронашла дел од украдените предмети. (В.М.) |