-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хороскоп

Хороскоп

 

ОВЕН

Се наоѓате во одличен период, искористете го за поработите на своите материјални и духовни вредности. Кога се во прашање финансиите, одите од крајност во крајност: или штедите или трошите огромни суми. Разменете некое искуство со пријателите, тие значително ќе ви помогнат.



БИК

Денеска сте исполнети со оптимизам и силна волја за надминување на проблемите. Морате да го ставите под контрола својот егоизам, посебно во односите со својот партнер. Немојте премногу да се наметнувате, тоа му пречи на вашиот партнер, исто како што ви пречи и вам.



БЛИЗНАЦИ

Сами на себе сте си најголем непријател. Затоа, анализирајте ги подобро своите постапки, како и постапките на другите околу вас, па ќе дојдете до заклучок кој е всушност во право. Можеби претерувате со осудувањето на некоје лице, а можеби и тоа не ве сфаќа како што треба, па се лутите без некоја посебна причина.



РАК

Посветете си малку повеќе време на себе и на оние нешта кои ви причинуваат задоволство, само под услов, да не претерувате. Немојте да ги избегнувате вашите пријатели, тие имаат да споделат значителни искуства. Ќе ги инспирирате да ви ја дадат потребната поддршка.



ЛАВ

Морате повеќе да внимавате на парите кои ги трошите. Вашата егзистенција ја ставате во втор план, па се соочувате со безброј проблеми. Опасноста треба да ја барате во вашата ароганција и препотентноста, тие мани ќе ви донесат конфликти за кои ќе жалите.



ДЕВИЦА

Ова е одличен период за сите оние кои се занимаваат со право, филозофија или некој странски јазик. Во овие области, со минимален напор ќе постигнете значителни резултати. Иако сте по природа практични, бидете внимателни, може да западнете во ситуација која ќе ви ги оневозможи сите овие особини.



ТЕРЕЗИЈА

Се наоѓате во финансиска криза која ве доведува до лудило. Чувствувате како парите да ви се лизгаат од рацете. Чувството е точно бидејќи вашите желби се поголеми од можностите. Помалку зборувајте, а повеќе работете.



СКОРПИЈА

Значителен број Скорпии ќе ја сфатат предноста на животот во брачна заедница. Доколку не сте ја легализирале својата врска, ова е вистинскиот момент! Ако решите периодов да влезете во брак, големи се шансите тој да успее. Пијте повеќе витамини, а помалку работете.





СТРЕЛЕЦ

Вашите организаторски способности се посебно истакнати. Време е да ги средите и своите емоции. Иако сте прилично нервозни, пријателите ве толерираат знаејќи дека ваквиот период ќе помине. Чувствувате голема доза на вина, па затоа целосно им се посветувате.



ЈАРЕЦ

Непотребно сте загрижени за вашиот емотивен живот, па барате секаков начин да манипулирате со својот партнер. Како личност која држи до своите морални вредности, тешко дека ќе успеете во тоа. Излезете на прошетка, ќе почувствувате значителни промени.



ВОДОЛИЈА

Посебно е нагласена потребата за материјална сигурност. Вешто го прикривате незадоволството и внатрешниот немир. Не сакате да ве гледаат како лик кој е слаб, несигурен и неуспешен. Живеете под постојан притисок, потиснувајќи ја нервозата со надеж дека сето ова набрзо ќе биде минато.



РИБИ

Чувствувате дека единствено со промена на локацијата ќе дојдете до успех и ќе ја надминете внатрешната напнатост, па организирате патување. Пробајте да поминете повеќе време со вашите пријатели кои ќе помогнат да заборавите на проблемите.







„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 24°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |