Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.06.2012, 15:08

Високите температури ризични за сообраќајот

Возачите да ги почитуваат правилата и прописите, порачуваат експертите

Возачите максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да внимаваат на сигнализацијата и да ја прилагодуваат брзината на патот, а мотоциклистите задолжително да ја носат потребната заштитна опрема. Овие генерални препораки, велат експертите, треба особено да се земат предвид во летниот период кога, според статистиката, е најголем бројот на сообраќајните незгоди.

- Република Македонија најголем број сообраќајни незгоди со тешки последици бележи во месеците јули и август, во периодот од 11 до 17 часот кога температурите на воздухот се највисоки, покажува истражувањето „Влијанието на високите температури во летниот период врз безбедноста на сообраќајот на патиштата“ што беше презентирано денеска во Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Најризични се долгите чекања на семафорите, наплатните рампи и граничните премини.

- Секој може да биде причинител или жртва на несреќата. Оттука, важно е однесувањето на сите учесници во сообраќајот. Тие на еднаков начин може да придонесат за потенцијални незгоди. Затоа, не треба да импровизираат, треба да се однесуваат одговорно, да ја почитуваат сигнализацијата, да ја прилагодуваат брзината на патот, ако чувствуваат замор, да застанат, нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Казнената политика и засилените контроли, додаде, имаат влијание врз намалувањето на бројот сообраќајки. Сепак, клучна е културата на возење.

Според анализата направена минатата година на вкупно 1.450 испитаници од кои 44 отсто жени, лицата кои управуваат моторни возила речиси воопшто немаат познавања од давање прва помош или какво било превенирање при евентуални здравствени последици од високите температури.

За надминување на ваквата ситуација, како што беше речено на прес-конференцијата, РСБСП и Црвениот крст на Македонија потпишаа Меморандум на соработка што практично значи спроведување конкретни активности во насока на уште поголемо информирање и доедукација на населението околу последиците на високите температури по здравјето. Освен преку медиумите и организирањето најразлични образовни предавања, се подготвува и флаер во кој може да се прочита за исцрпеноста, топлотниот удар, симптомите, како тие да се препознаат и што да се преземе.

За бесплатни совети за заштита од топлотните бранови, возачите може да се обратат и на отворената телефонска линија 02 32 21 902.


Статијата е прочитана 589 пати.

Испрати коментар



Груевски - Полна поддршка од Путин за економските проекти
Тачи блиску до пакт со Црвенковски и Георгиевски
Димитрис Аврамопулос е новиот пилот на грчката дипломатија
(ФОТО) Скопјани се разладуваа од тропските горештини во базенот „Бисер“
(ВИДЕО) Канал 5 заработи тридневна забрана за рекламирање
Нови предлог економски мерки на СДСМ
Опожарен автомобил пред ВИП хотелот во Скопје
Груевски се сретна со Путин во Санкт Петербург
(ВИДЕО) Запленети 76 кг марихуана шверцувани преку Охридско езеро
Нови инвестиции на „Лукоил” во Македонија
Исчезнат скопјанец пронајден удавен во Вардар
Tетовец уапсен по неуспешен обид за убиство во Скадар
Промовирани убавините на Македонија во Вашингтон
Скоро 100.000 Македонци живеат во Австралија
Во Дебарско Eзеро се удави петнаесетгодишно момче
Адриан Настасе се обидел да се самоубие
Груевски денеска на средба со Путин
Прв ден од летото
Среќен крај на заложничката криза во банката во Тулуз
Самарас на чело на новата грчка влада
Виз ер амбициозно влегува во Македонија
Венизелос - Грција има влада
Преговорите за новата грчка влада се` уште траат
Скопјанец 13 пати избоден со нож на куќниот праг
Уште потопло време до недела
Меркел сама против сите на Самитот на Г-20 во Лос Кабос
Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
(ФОТО) Отворен „Паркот на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија



pile, 20.06.2012 16:54:43
Ovaa cupeto vo MVR tolku e zagrizjeno za zastita na coveckite zjivoti vo patniot soobrakaj, taka da sekoj den e vo sostojba da dava izjavi ne kako Minister, ami kako inspektor po prevencija vo soobrakaj-ili pervencija kako sto bi napisal 13 pati,vo presuda sudijata Zoran Solarski od OS Kumanovo.Za da go presretne losiot vpecatok vo javnosta od skoro site nedorecenosti vo ,,X policiski akcii dosega,zapocnuvajki od novinarot Vlado Tanevski, preku partizacija na sekoja sektor vo MVR vklucitelno i resorot soobrakaj so nezakoniti rasporeduvanja, pa se do poslednite verbalni izleti za radikalen islam vo Drzjavata,sekojdnevno gi prevenira sostojbite slicno kako sto svoevremeno delese flaeri na granicnite premini za bezbeden soobrakaj, a negleda deka soobrakajot na avtopatot E 75 se odviva po edna soobrakajna lenta.Cupeto vo sorabotka so Ministerot za transport i vrski treba da dade predlog do Vladata za nosenje na odluka za zabrana na dvizjenje na teski tovarni motorni vozila od 06 do 18 c

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |