16.06.2012, 13:15 Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
Вработен во Собранието на РМ со нож нападнал колешки по расправија
Вчера на почетокот на работното време во канцеларија на Сектор за техничка поддршка во Собрание на РМ, Д.Т. влегол во канцеларијата во која биле неговите колешки Д.С.(1964) и М.М., започнал расправија по што извадил нож, кој и го ставил на Д.С. во слабината и и рекол да излезе надвор со него.
Откако оштетената почнала да се спротивставува, истиот и го ставил ножот на вратот, по што М.М. почнала да врти на телефон кај обезбедувањето. Тој се обидел да ја спречи, а таа го искористила моментот и избегала кај обезбедувањето каде и го пријавила случајот.
СВР-Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
|