Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.06.2012, 22:33

МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“

Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска реагира на, како што се наведува, последните антибугарски пројави во Македонија.

- За жал, повторно на јавни настани во Скопје беше употребено името на Бугарија и на Бугарите во негативен контекст. Загрижени сме од некои пројави во соседна Република Македонија, се вели во писмената реакција објавена на веб страницата на бугарското МНР.

Таквите пројави, стои во реакцијата, “противречат на европските принципи и норми на политичко поведение, демонстрираат стереотипи од минатото и не се во согласност со стремежот на македонското општество да ги сподели европските вредности и да се присоедини кон заедничкото европско семејство“.

Бугарските медиуми посочуваат дека реакцијата на Софија следува по политичките расправии во Скопје предизвикани од преименувањето на некои улици, меѓу кои и по Тодор Александров, и одржаните јавни протести организирани од опозицијата на кои во негативен контекст се спомнувале Бугарија и Бугарите.

Реакцијата доаѓа само ден и по првата средба на претседателите на двете земји Ѓорге Иванов и Росен Плевнелиев на Самитот на ПСЈИЕ во Белград, на која заеднички се заложија сите проблеми и отворени прашања да се решаваат преку отворен дијалог и меѓусебно разбирање.


Статијата е прочитана 3504 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Отворен „Паркот на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Баросо- ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 33°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Среда
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |