17.06.2012, 20:05 Над илјада рекреативци со велосипед на „МавровоТур 2012“
Собраните средства во висина од 2.500 евра се наменети за Kлиниката за детски болести
Над илјада рекреативци, членови на велосипедски клубови и посетители, денеска собраа околу две ипол илјади евра во рамки на манифестацијата „Маврово Тур“ која се одржа во селото Маврово. Средствата се наменети за Клиниката за детски билести.
На годинашното четврто по ред издание беа организирани повеќе содржини, па освен рекреативните тури имаше и маратон на велосипед за мажи и жени долг 83 километри и пешачки тури и посети на знаменитости во НП „Маврово“.
Заблагодарувајќи се им на присутните, првиот човек на општина Маврово-Ростуше потсети дека овој настан е позитивно прифатен и дека има иднина. - Заложбите на сите кои помагаа во континуитетот на оваа манифестација и во збогатувањето на содржините како спортски и културни, покажуваат дека сме едно пошироко семејство кое има цел веќе следната година да станеме меѓународно познати и да влеземе во картите на странските посетители, рече Мукрем Мехмеди, градоначалник на Маврово-Ростуше.
По завршувањето на трките на плоштадот во Маврово во рамки на забавната програма, беше организрана и програма со лотарија.
Исто како и во минатите години организатори на „Маврово Тур“ се амбасадата на Кралството Холандија, националниот парк Маврово и општина Маврово-Ростуше. |