Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
12.06.2012, 17:47

Часовник вреден половина милион евра

Рускиот претседател Владимир Путин поседува колекција на часовници вредна повеќе од половина милион евра, од кои само еден 400.000 евра

Рускиот претседател Владимир Путин поседува колекција на часовници вредна повеќе од половина милион евра, од кои само еден 400.000 евра, тврди опозициската партија „Солидарност“, која пуштила видеоснимка на која се гледа рачниот часовникот на Путин.

„Солидарност“ пресметала дека часовниците кои новоизбраниот руски претседател ги носи на десната рака вредат шест пати повеќе од неговите примања во 2011 година.

Поточно, вредат 22 милиони рубли (околу 544.000 евра), додека бившиот премиер пријавил дека има годишни приходи од 3,6 милиони рубли (89.000 евра).

Весникот „Москва тајмс“ објавил фотографии од неколку скапоцени модели на часовниците на Путин, меѓу кои и „Патек Филип перпетуал календар“, вреден 48.000 долари, како и „А. Ланг и синовите турбограф“, кој чини дури 400.000 евра.

Путин подарил дури два рачни часовници „Бленпен“, чија вкупна вредност е 13.500 евра. Еден му подарил на момчето – овчар, по малку неволно, на металскиот работник, кој му го побарал часовникот за спомен.

Еден од саркастичните коментари на снимката на „царевите“ часовници е оној што го поставил бившиот вицепремиер Борис Немцов, кој вели: „Ниту јадел ниту пиел шест години за да може да ја купи оваа колекција“.


Статијата е прочитана 891 пати.

Испрати коментар



Невообичаено разладување
Модерни чила за ва лето
Што прават денеска
„Хенри Шести“ ни ги отвори апетитите
Со бричена глава за „Лудиот Макс“
Посакува улога на девојка на Фреди Меркјури



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 33°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |