14.06.2012, 13:20 Соопштение на Амбасадата на САД по повод одземената лиценца на „А2“
Вчера разбравме дека Советот за радиодифузија гласал за одземање на дозволата за емитување на А2 телевизија поради непочитување на барањата што произлегуваат од програмскиот формат. Се согласуваме дека сите медиуми треба да ги почитуваат сите обврски што произлегуваат од поседувањето на дозвола, и тоа е исклучително важно за постоењето на независна и избалансирана медиумска клима, но гледаме дека А2 е првиот радиодифузер врз кого е извршено ова барање. Одблиску ќе ги следиме процедурите на Советот за радиодифузија за да потврдиме дека нивниот мониторинг на содржини со цел потполна усогласеност со радиодифузната регулатива, се применува подеднакво стриктно врз сите телевизиски станици.
Амбасада на САД во Република Македонија
|