Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.06.2012, 14:41

Изгласана одлуката за преименување на улиците во Скопје

На Седницата во Собранието на Град Скопје, која по инцидентите продолжи без советниците од опозицијата, одлуката сепак беше изгласана

Советот на Град Скопје ja изгласа одлуката за промена на имињата на улиците во главниот град предложена од ВМРО-ДПМНЕ, без присуство на советниците од опозицијата кои ја напуштија седницата откако не беше прифатен нивниот предлог да биде симната оваа точка од дневен ред на денешната седница. Одлуката беше причина и за протест на група граѓани, жители од Скопје кои беа против ставањето на Одлуката на дневен ред и промена на имињата на улиците. За време на протестот групата се обиде да влезе во Градското собрание во што беше спречена, а притоа беа искршени стаклата на влезната врата.

Според советникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски ова е крајно вандалски чин и крајно нецивилизиран што ја покажува ниската политичка култура на СДСМ. - Беа повикани нивни членови и целата пратеничка група која што со овој потег покажува дека или СДСМ не и верува на својата советничка група во Советот или немаат капацитет па затоа ги повикаа, изјави Бичиклиски.

Советничката од СДСМ Софија Куновска оцени дека ова е криминал и историски геноцид и додаде дека ја напуштаат седницата бидејќи не сакаат да бидат соучесници во понижувањето на сопствената македонска историја.

- ВМРО ДПМНЕ на подмолен начин сака да го избрише ликот и делото на оние кои ги дале своите животи за нашата држава, изјави Куновска.


Статијата е прочитана 819 пати.

Испрати коментар



Безнините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште една скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Крстопат-избори во грција
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Нов топол бран со температури до 39 степени
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Бура реакции по договорот за декриминализација на клеветата
Познат идентитетот на жената која беше оставена во поликлиниката „Бит-пазар“
Соопштение на Амбасадата на САД по повод одземената лиценца на „А2“
Претепани патници во автобус на ЈСП Скопје
Инцидент пред Советот на Град Скопје
Почнаа уписите за средните училишта
Камерон го поздрави решението за референдум на Фокландите
„Цајт“- На Грција веројатно и е потребен трет пакет помош од ЕУ
СРД и ја одзеде дозволата на Телевизија А2
ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата
Робин О Нил- Македонија во ОН да биде примена под уставното име
Дојче Веле- ЕУ ја толерира блокадата на Македонија
Денеска тропски теператури над 38 сте��ени
Mомчиња повредени кај „Мавровка“
Скопјанка почина по пад од седми кат
Полуматурант се удави во Пчиња
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 33°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |