15.06.2012, 09:22 Мајами изедначи во финалето на плеј-офот
Кошаркарите на Мајами во гости го совладаа тимот на Оклахома со 100:96
Кошаркарите на Мајами Хит го изедначија резултатот во финалето на плеј-офот од НБА лигата, откако ноќеска на гости го совладаа тимот на Оклахома Сити со 100:96 (27:15; 28:28; 23:24; 29:22).
По двата одиграни натпревара резултатот во победи е 1-1, со тоа што следните три натпревари се играат на теренот на Мајами.
Решавачка за победата во ноќешниот меч беше првата четвртина која Мајами ја доби со 12 поени разлика.
И во двата тима најефикасните играчи постигнаа по 32 поена. Кај Мајами тоа беше Леброн Џејмс, додека кај Оклахома Сити Кевин Дјурант.
За разлика од првиот натпревар каде потфрлија соиграчите на Леброн, на овој дуел Двејн Вејд имаше 20 поени со 50% реализација од игра, а Крис Бош оствари „дабл – дабл“ 16 поени и 15 скокови.
Кај Оклахома Сити покрај Дјурант, двоцифрен број поени постигнаа Расел Вестбрук 27 и Џејмс Харден 21, но ниту еден играч немаше двоцифрен број во другите статистички категории.
Натпреварот број 3 од финалето се игра в недела. |