09.06.2012, 19:05 Ракометарите со пет гола предност ќе одат на реванш со Австрија
Нашата машка ракометна репрезентација ја совлада Австрија со 26-21
На домашен терен, во салата „Борис Трајковски“ македонската ракометна репрезентација ја совлада Австрија со 26 - 21 со што го доби првиот дуел од двомечот во рамките на баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија следната година.
Прв стрелец во редовите на Македонија беше нашиот прв играч Кире Лазаров со 6 погодоци.
Реваншот, кој ќе го играме со 5 гола предност, се игра следниот викенд.
|