Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
15.06.2012, 17:45

Забава и велосипедизам во Маврово

Викендов се одржува традиционалната велосипедска Маврово тура

Викендов се одржува традиционалната велосипедска Маврово тура, во организација на Националниот парк Маврово, општините Маврово и Ростуше и Амбасадата на Кралството Холандија.

Сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарната акција за изградба на ургентен центар на Универзитетската клиника за детски болести. Покрај традиционалната рекреативна тура околу Мавровското езеро ќе бидат организирани и маратон и полумаратон во планински велосипедизам, како и многу придружни активности за сите возрасти. Во рамките на културната програма чиј водител е Сузана Турунџиева ќе настапат Александар Белов,

Александра Пилева и културни друштва од мавровскиот регион. Ќе биде организирана и лотарија со богати подароци – викенди за двајца, планинарска опрема, велосипед и вредносни купони.Учеството во настанот е бесплатно, со исклучок на маратонот и полумаратонот. Организаторите обезбедија повратен автобуски превоз од Скопје до Маврово по симболични цени (150 денари за автобуски билет и 50 денари за превоз на велосипед).

Маврово турата е традиционален рекреативен настан кој се одржува секоја година во јуни. Првиот настан се одржа во 2009 година со цел да се промовираат природните убавини на националниот парк Маврово, особено Мавровското езеро и околината, и да им се овозможи на вљубениците во велосипедизмот и природните убавини да поминат убав ден во природа.


Статијата е прочитана 477 пати.

Испрати коментар



(ВИДЕО) Банана уметност
Над илјада рекреативци со велосипед на „МавровоТур 2012���
Завршија Рациновите средби
Огромен астероид ноќва ќе мине покрај Земјата
Никола Маџиров добитник на награда за светска поезија во Кина
(ВИДЕО) Пет премиери на филмови за опуштено лето
Селма Хаек повторно во улога на стриптизета
Пред 4 години со 100 килограми - денес мис
Хју Лори во римејкот „Робокап“
Писателот Зоран Пејковски добитник на „Празник на липите“
Часовник вреден половина милион евра
Англичанец има дресови од 194 репрезентации
Македонките најчесто се мажат на возраст од 25 години
Започнува новиот живот на документарни филмови
Мадона на концерт во Турција покажа града
„Кралицата“ Хелен Мирен во Карлови Вари
Започна „Година на есејот“ во Струга
(ФОТО) Светските новински фотографии во Скопје
Новото „пежо 208“ пристигна во Македонија
Почина Реј Бредбери, бардот на научната фантастика
Се урна ѕид на тетовското Кале

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 33°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C

Вторник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Хороскоп | Забава |