13.06.2012, 22:58 Хју Лори во римејкот „Робокап“
Актерот Хју Лори, познат по улогата во серијата „Доктор Хаус“ наводно е во преговори за улогата во римејк филмот „Робокап“.
Британскиот актер би требало да игра улога на злосторник во римејк акционен блокбастер од 1987 година.
Овој 53-годишен актер би играл директор на една фирма која го претворила човекот во машина поради сопствена добивка.
Во филмот ќе игра и Семјуел Л. Џексон кој ќе глуми медиумскиот могул Пат Новак, шведскиот актер Џоел Кинаман ќе го толкува главниот лик, полицаецот Алекс Марфи, кој во оригинална верзија го играше Питер Велер, додека улогата на научникот кој создава киберполицаец е доверена на Гери Олдман.
Филмот ќе се снима во Торонто од септември, а во кината би треало да стигне наредното лето. |