19.06.2012, 13:02 Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Во 2011 година на високите стручни школи и факултетите во Македонија дипломирале вкупно 9.802 студенти, што е помалку за 1,4 отсто во споредба со претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број на дипломирани студенти, 81,5% се редовни, а 18,5% се вонредни студенти. Поголем дел од дипломираните 5.538 или 56,5% се жени.
Во рок дипломирале 42,8% , а надвор од рокот 57,2% од студентите.
|