Скопјанец кој се водел како исчезнат вчера попладне бил пронајден мртов во реката Вардар во скопското село Долно Лисиче.
Телото на шеесет и петгодишниот Кајоли Рамадани вчера околу 13 часот го пронашле неговиот син и роднина. Го идентификувале лешот и го пријавиле случајот во полиција.
Извршен е увид на лице место, телото е предадено за обдукција, а првично немало траги на насилство.
Рамадани бил пријавен за исчезнат на 29 мај оваа година.