21.06.2012, 11:36 Во Дебарско Eзеро се удави петнаесетгодишно момче
Во водите на Дебарското Езеро вчера попладне се удави петнаесетгодишниот И.В. од Дебар, што е прва жртва годинава. Безживотното тело на момчето од водите на езерото го извадија нуркачи, околу 21 часот.
И.В. заедно со другари бил на градската плажа, но ниту другарите ни други капачи кои биле не можеле да му помогнат зашто според очевидци момчето веднаш потонало.
На местото на настанот веднаш пристигнала полиција, медицинска екипа од Здравствениот дом и противпожарна екипа. Попусти биле обидите да се најде барем телото.
Во неговото пронаоѓање беа вклучени две нуркачки екипи од Охрид, на Дирекцијата за заштита и спасување и на СВР. Увид изврши обвнител и истражен судија од Основниот суд од Гостивар.
Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, причините за давењето на момчето во овој момент не се познати. Вработените во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување веднаш по добивањето на информацијата контактирале со подрачното одделение од Охрид, кои веднаш испратиле еден од тимовите нуркачи за спасување под вода. Нуркачите од тимот за брз одговор на Дирекцијата се придружиле на нуркачите од Министерството за внатрешни работи во акцијата за пронаоѓање на момчето.
Во 20:50 часот е извлечено безживотното тело на момчето и е прададено на органите за натамошна истрага.
|