20.06.2012, 23:12 Среќен крај на заложничката криза во банката во Тулуз
Француските специјални полициски сили спроведоа акција за ослободување на двата преостанати заложника во банката ЦИЦ во Тулуз. Грабнувачот беше ранет во нападот на полицијата.
Во акцијата на полицијата, за време на која се слушнаа три детонации, беше уапсен напаѓачот и ослободени двата преостанати заложници, кои не се повредени.
Вооружениот напаѓач кој тврдеше дека е припадник на Ал Каида според полициските извори, цитирани од француските медиуми, најверојатно е психичики нестабилна личност.
Напаѓачот, најпрво сакал да ја ограби банката, барајќи од вработените да му ги дадат парите, но тие не го сфатиле сериозно, по што тој го извадил оружјето и ги задржа како заложници вработените. Во преговорите со полицијата тој ослободи два заложника, пред другите два да бидат ослободени од полицијата.
На 7 јуни имаше иста заложничка драма во седиштето на Метео Франс – Тулуз.
Банкарската агенција ЦИЦ, во која се случи оваа најнова заложеничка драма се наоѓа блиску до домот на Мохамед Мера, млад џихадист кој сееше терор убивајќи тројца француски војници и четири други лица со еврејска вероисповест во едно училиште. Тој исто така тврдеше дека е припадник на Ал Каида пред да биде убиен од полицијата на 22 март, откако беше опколен во неговиот стан. |