20.06.2012, 12:24 Скопјанец 13 пати избоден со нож на куќниот праг
Непознатите разбојници без да изустат збор заѕвониле на врата и го нападнале домаќинот, по што избегале
Двајца разбојници синоќа нападнале 56 - годишен скопјанец и со нож 13 пати го прободеле во градите и грбот. Тој за среќа, не е тешко повреден и вчера бил во можност да им раскаже на полицајците што му се случило.
Околу 23 часот, изјавил скопјанецот, две непознати лица тропнале на врата од неговиот стан лоциран на улицата „Трета македонска бригада“. Без да да речат збор, му се нафрлиле, почнале со нож да го бодат по телото, па избегале.
Ранетиот побарал помош од соседите, кои го однеле во Ургентен центар каде лекарите санирале 13 убоди. Од МВР велат дека причината за нападот се уште е непозната. |