19.06.2012, 21:23 Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
Собранието на Република Македонија вечерва го усвои Годишниот финансиски план за работењето на ЈП Македонска радиотелевизија во 2012 година.
Според опозициските пратеници, финансискиот план за 2012 е „продолжение на криминалот од 2011“. Забележаа и дека во него нема информации на какви проекти ќе се работи и сметаат дека се прави криминал со рекламниот простор. Посочија дека ставката за заеднички трошоци е зголемена 738 пати.
За нив е неприфатлив и Годишниот финансиски извештај за 2011. Во расправата по извештајот што почна вчера опозицијата оцени дека јавниот сервис станал пропаганден инструмент зашто МРТ информирала селективно и партизирано, дека во МРТ се води лоша кадровска политика и оти нема нова и едукативна продукција. |