20.06.2012, 22:46 (ЕП 2012) Одредени судиите за четвртфинале, Штарк го напушта турнирот
Работните обрски на ЕП 2012 завршија и за Унгарецот Касаи, Холанѓанецот Куиперс и Шпанецот Карбалјо
Судиската комисија при европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги одреди судиите за четвртфиналните дуели на Европското фудбалско првенство. Меѓу нив не се Греманецот Волфганг Штарк, Унгарецот Виктор Касаи, Холанѓанецот Бјорн Куиперс и Шпанецот Карлос Веласко Карбалјо. Вака одлучи комисија на чие чело е италијанската судиска легенда Пјерлуиџи Колина.
Според толкувањата во германските медиуми, Штарк е казнет поради грубите пропусти во мечот Хрватска - Шпанија во кој ги издвојуваат двата недосудени пенала, првиот врз Манџукиќ во 23 минута и вториот врз Чорлука во 87 минута. Работниот ангажман во Полска и Украина заврши и за Виктор Касаи од Унгарија за гревот во натпреварот меѓу Украина и Англија, а правда нема да делат ниту Куиперс и Карбалјо.
Комисијата ги објави имињата на судиите на кои им е доверено да ја делат правдата во чевртфиналните средби на ЕП 2012. Утрешниот меч меѓу Чешка и Португалија му е доверен на Англичанецот Хауард Веб, Словенецот Дамир Скомина ќе биде на центарот на теренот во пресметката меѓу Германија и Грција, Италијанецот Никола Рицоли ја доби арбитражата во средбата меѓу Франција и Шпанија, судирот меѓу Англија и Италија му припадна на Португалецот Педро Проенса.
|