08.06.2012, 20:28 Полска и Грција ремизираа на отворањето на ЕП
Резервниот голман Титон успеа да го спаси кодомаќинот од пораз бранејќи го пеналот на грчкиот капитен Карагунис
Завршија првите 90 минути фудбалски возбудувања. На отворањето на Европскиот фудбалски шампионат во Варшава, Полска и Грција ремизираа 1:1. Во крајно драматичен натпревар двете селекции успеаа да ги поделат бодовите. Одличните продори по десната страна на Полјаците им се исплатеа во 17 минута кога по нафрлена топка Левандовски со глава ја затресе противничката мрежа. Клучен момент на натпреварот можеби беше грешката на шпанскиот арбитар Карваљо кога по престрого досудените прекршоци на двапати му покажа жолт картон на Папастопулос.
Сепак, во вториот дел темпото на полските фудбалери падна, а одличниот потег на грчкиот стратег да го внесе во игра Салпингидис донесе израмнување во 51 минута. Грешката на полскиот чувар Шчешни кој направи пенал по што мораше и тој предвреме да го напушти натпреварот не ја искористи Карагунис. Титон вториот чувар на мрежата на Полска беше поумешен од капитенот на Грција. На крајот и двете селекции се задоволија со освоениот бод.
|