Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.06.2012, 22:59

Баросо: ЕУ не дојде на Самитот на Г-20 за да добие лекции по економија

Оваа криза не настана во Европа, изјави пред новинарите Претседателот на Европската комисија

Европа не дојде на Самитот на Групата 20 најразвиени земји и држави со забрзан развој за да добие лекции по економија, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

- Искрено кажано, ние не дојдовме овде да добиеме лекции во поглед на демократијата или во однос на економското управување, изјави Баросо запрашан од новинарите за кредибилитетот на Европската унија.

Освен тоа, оваа криза не настана во Европа, истакна Баросо пред новинарите на самитот во мексиканското туристичко место Лос Кабос.

Кризата настана во Северна Америка и најголем дел од нашиот финансиски сектор е заразен од незаконски практики, од одредени сектори на финансиските пазари, нагласи претседателот на Европската комисија.

Баросо истакна дека очекува лидерите на Г-20 да зборуваат сосема отворено во корист на пристапот што го следи ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави дека нацрт соопштението на Г-20 покажува поддршка и охрабрување за земјите членки на еврозоната, како и за лидерите и целата Европска унија со цел да се надмине кризата.

- Не сме единствените одговорни за моменталната економска ситуација што владее во светот, изјави Ромпуј.


Статијата е прочитана 1168 пати.

Испрати коментар



Меркел сама против сите на Самитот на Г-20 во Лос Кабос
Собранието го усвои финансискиот план за МРТ
(ФОТО) Отворен „Пар��от на езерата“ во Општина Аеродром
Во Македонија лани работеле 66 телевизии и 69 радио станици
Повеќе од половина од студентите дипломираат надвор од рокот
Иванов очекува Грција одговорно да се однесува кон преземените обврски
Лани 23 мајки родиле на возраст под 15 години
Младите во Македонија се емоционално занемарени
Италијанската полиција уаспила македонски државјанин нарко дилер
Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите
Нова власт - стари рампи за името
Сончево и топло
Груевски сепак ќе се сретне со Путин
ПАСОК не се откажува од барањето за учество на СИРИЗА во владата
Бензините поевтинуваат за 3,5, а дизелот за 3 денари
Во наредните три дена не` очекува многу топло време
Граѓаните да внимаваат да не предизвикаат пожари!
Митинг на СДСМ во Штип
Лидерите на Г20 се собираат во Мексико
Силен земјотрес регистриран во Јапонија
Се шири уште едн�� скопска сообраќајна артерија
Француските социјалисти освоија апсолутно мнозинство во Националното собрание
Грците изгласаа останување во еврозоната со Нова демократија!
(ВИДЕО) Насмејте се, вие сте на полициска камера!
Нова Демократија и СИРИЗА изедначени
Втор круг од парламентарните избори во Франција
МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“
Стапката на невработеност во првиот квартал скокна на 31,6 отсто
Со нож и се заканувал на колешка во Парламентот
(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ прослави 22 години
Протест на СДСМ поради преименувањето на улиците
Карл Билт - На Балканот повеќе нема да има промени на границите
Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во Македонија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 23°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Четврток
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој утре ќе гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |