21.05.2012, 12:58 Тројца планинари загинаа на Монт Еверест
Тројца планинари, кои се враќале од врвот Монт Еверест загинаа, а двајца се водат како исчезнати, изјави денеска претставникот на непалските власти Гаџендра Шреста.
Еден Германец, еден жител на Канада со непалско потекло и еден Кореец загинаа во саботата, додека се симнувале од врвот Монт Еверест, висок 8.850 метри.
Шреста истакна дека временските услови во петокот и саботата изутрината биле поволни, но дека во саботата во текот на денот на планината почнал да дува силен ветер.
|