21.05.2012, 12:51 САД ја предупредија Северна Кореја да престане со нуклеарните проби
Главниот американски пратеник за Северна Кореја Глин Дејвис денеска ја предупреди Северна Кореја да престане со изведување нуклеарни проби, бидејќи ќе следи „ брза и сигурна“ меѓународна казна.
Дејвис, по средната со јужнокорескиот и јапонскиот пратеник, изјави дека таквата провокација ќе биде „голема грешка“, пренесуваат американските медиуми.
Тие разговараа неколку недели откако Северна Кореја изврши нуклеарна проба на ракета со голем досег и во момент кога владее страв дека Пјонгјанг се подготвува за трета нуклеарна проба.
Дејвис изјави дека вратата за соработка останува отворена, но дека лансирањето севернокорејска ракета кон средината на април покажува дека на Пјонгјанг не може да му се верува дека ќе ги исполни ветувањата.
Ракетата е ла��сирана набрзо откако Пјонхгјанг и Вашингтон постигнаа договор за испраќање американска помош во храна во замена за прекин на севернокрејската нуклеарна програма.
|