21.05.2012, 17:34 Надал си го врати трофејот во Рим од Ѓоковиќ
Рафаел Надал ја освои титулата на Мастерс-турнирот во Рим откако во финалето го совлада бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ со 7-5, 6-3
Српскиот тенисер, кој минатата година играше непобедливо во пресметките со шпанскиот ривал падна пред предизвикот да го совлада на неговата омилена подлога - земјата. Клучен за победата на Шпанецот беше 11. гем од првиот сет, во кој Ѓоковиќ имаше предност од 40-15, но на свој сервис загуби четири поени по ред и му го подари сетот на Надал. Шпанецот продолжи во силно темпо и во вториот сет и уште во почетокот направи брејк, кој беше доволен за конечната победа.
Со 18. триумф во 32. меч против Ѓоковиќ, Надал стигна до рекордната 22. титула во Мастерс-серијата. |